БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?
Објавено во: Балкан 02 Мај, 2024
Политичари во Британија стравуваат од тензии во Босна и Херцеговина(БиХ).
„Британски војници треба да бидат испратени во Босна и Херцеговина поради ризикот од дестабилизација на Балканот“, изјави поранешниот командант на Обединетите нации, Боб Стјуарт.
Стјуарт, сега независен британски пратеник, кажа дека британскиот баталјон ќе биде „најдобриот баталјон“ што може да се испрати во југоисточниот регион на Европа за да се воспостави мир. Претседателката на Комитетот за надворешни работи Алиша Кернс предупреди дека Балканот може да стане место на „трет голем глобален конфликт“, заедно со Украина и Газа, доколку не се преземат превентивни мерки.
За време на дискусијата за безбедноста во регионот, чиј домаќин беше Кернс, таа рече: „Треба да размислиме за изградба на нов безбедносен сојуз меѓу САД, ОК и другите спремни земји-членки на НАТО со Косово, бидејќи тоа ќе помогне да се ублажат непосредните безбедносни грижи што ги имаме.
Министерот за надворешни работи Дејвид Ратли, од друга страна, рече дека во моментов нема такви планови, но дека „Обединетото Кралство продолжува силно да ги поддржува вооружените сили на Босна и Херцеговина“. Тој додаде дека британската влада „постојано“ го ревидира својот пристап кон санкциите и ќе размисли да ги таргетира оние кои „се обидуваат да ја поткопаат ситуацијата“.