17 Мај, 2024
0.0502

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Објавено во: Мои пари 02 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Караванот на Државната изборна комисија, како дел од кампањата „Ти си на ред“, започна на 18.04.2024 и досега посети различни општини низ државата,  во сите изборни единици. Гласачите во Штип, Конче, Струмица, Куманово, Студеничани, како и Скопје (општините Кисела Вода, Аеродром, Карпош и Центар), се здобија со информативни и едукативни материјали во склоп на караванот, со цел едукација и правилна информираност за гласачките права на секој гласач на претстојните избори. Дополнителни места, коишто беа посетени беа и Старо Нагоричане, Тетово, Теарце, Пласница, вклучувајќи ја и крајната станица на караванот, Битола и Градско.

ДИК во склоп на самиот караван, преку споделениот едукативен материјал за гласачките права за претстојните избори, ги едуцираше граѓаните и за двата изборни циклуси. Од сите реализирани посети, голем број од граѓаните заинтересирано ги прифаќаа едукативните информации, кои ги делеа претставници на Државната изборна комисија.

Покрај врачените промотивни материјали, пораката „Ти си на ред“ допре до граѓаните и на поинаков начин, со инсталација во форма на семафор, каде свети „зеленото светло“ за секој гласач да го даде својот глас на претстојните избори.

Воедно, сите љубители на смарт уреди, имаа можност и преку QR код да ја скенираат семафор-поставката за време на караванот и да се информираат дополнително за своите гласачки права онлајн, на официјалната веб страница на www.sec.mk.

На 08.05.2024, секој гласач е на ред да ја искористи својата можност тајно и слободно да го даде својот глас, преку заокружување на редниот број на гласачкото ливче.

Државната изборна комисија преку едукативната и информативна кампања - „Ти си на ред“, упатува апел кон сите гласачи дека нивните лични гласачки права се загарантирани.

Вториот круг на Претседателските избори ќе се одржат во ист ден со Парламентарните избори, на 08.05.2024 година.

И за Претседателските и Парламентарните избори, Програмата за поддршка на изборите на Владата на Швајцарија, спроведена од  Меѓународната фондација за изборни системи - ИФЕС, (International Foundation for Electoral Systems - IFES)  ја поддржува кампањата на Државната изборна комисија „Ти си на ред“, со цел едукативните и информативните материјали да стигнат поблиску до населението од руралните средини, како и до маргинализираните групи.

Доколку сѐ уште не го направиле тоа, гласачите имаат можност да ги проверат нивните податоци во Избирачкиот список на следниот линк:  https://www.izbirackispisok.gov.mk/.

_____________________

(*Искажаните ставови, мислења и содржини во кампањата не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.)

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак