17 Мај, 2024
0.0275

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

Објавено во: Економија 02 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Нова иницијатива до Уставниот суд за укинување на членот 2 од Законот за измени и дополнувања на Законот за облигациони односи, каде е наведено дека членот 368 се менува. И оваа иницијатива се однесува на членот од законот во кој се предвидува застарување на долговите, односно се фаворизираат должниците на сметка на доверителите.

Во поднесената иницијатива, од лицето Доне Лазаревски, сопственик на фирма, е образложено дека наведените законски измени негативно влијаат на понатамошното работење на фирмите, со оглед дека стоките уредно се испорачувани, а не можат да се наплатат како резултат на застарувањето на долгот.

„Овие измени нè доведуваат во положба дека е подобар избор да не се работи и да не се вложува во стопанството, отколку да се соочиме со загуба на сопственоста поради законска заштита на должниците да не го подмируваат долгот“, се вели во иницијативата. 

Понатаму се вели „Со донесување на законските измени за застареноста, јас како сопственик на микропретпријатие повеќе од триесет години, кое уредно плаќа даноци, придонеси и други потребни давачки кон државата, сум принуден да престанам со работа, поради непостоењето на правната заштита на сопственоста и непостоење на правна сигурност“. Посебно се нагласува ништовноста на склучените договори поради корелација на членот 368 од ЗОО со членот 218 од ЗИ.

Ова е трета иницијатива која се однесува на овие законски измени на Законот за облигациони односи. Претходно адвокатот Љупчо Кузмановски  поднесе иницијатива до Уставниот суд, а таа е втора иницијатива за преиспитување на уставноста на Законот за облигациони односи. Минатиот месец до Уставниот суд беше поднесена иницијатива за истиот член од овој закон од страна на Предраг Баришиќ.

„Поаѓајќи од фактот дека Уставот е највисок правен акт и дека сите закони, подзаконски акти и пишани правила треба да бидат во согласност со Уставот, подносителот на оваа иницијатива смета дека потребно е оценка на уставноста на членот 2 од изменувањата и дополнувањата на Законот за облигационите односи“, се вели во иницијативата поднесена од адвокатот Љупчо Кузмановски.

Кај дел од компаниите со овие законски измени се генерираат загуби по основ на отпис на долгови и по неколку милиони евра, што ќе се одрази негативно врз натамошното работење, а ќе влијае и врз зголемувањето на цените на услугите.

Реагираа и од Адвокатската комора од каде на неколку наврати истакнаа дека ќе имаат тешкотии во работењето и дека се нанесува голема штета во стопанството.

Ф.Р.

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи