17 Мај, 2024
0.0273

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

Објавено во: Финансии, Балкан 29 Април, 2024

Добивај вести на Viber

PepsiCo го назначи Константин Мерквиладзе за нов генерален менаџер за јужните пазари на централна Европа и балтичките земји. Тој ќе биде задолжен за работењето на 14 маркети во овој регион, со кои ќе управува од Белград. Поранешниот извршен директор Нуно Пинто Леите ја продолжи својата кариера како извршен директор на PepsiCo France.

Мерквиладзе доаѓа во Србија од позицијата генерален директор на PepsiCo Kavkaz (Грузија, Азербејџан, Ерменија), каде тој и неговиот тим придонесоа за континуитет на растот на приходите во бизнисот, се вели во соопштението на компанијата.

Мерквиладзе наведува дека е многу задоволен што ја презема оваа функција.

„Чест ми е да се приклучам на овој исклучително успешен тим и пазари кои се синоним за позитивен развојен тренд. Ќе работиме заедно за да промовираме раст на бизнисот и постојани иновации во сите деловни сегменти, со цел да продолжиме да одговараме на барањата на пазарот и да ги следиме потребите на нашите потрошувачи. Во исто време, остануваме посветени на благосостојбата на нашите вработени, како и на локалната заедница, водени од глобалните постулати на позитивни практики на компанијата PepsiCo“, рече тој.

Во текот на неговата 20-годишна кариера, Мерквиладзе имаше извршни позиции во малопродажбата и индустријата за FMCG, со фокус на маркетинг, продажба и е-трговија. Водени од принципите на стратегијата за одржлив развој pep+ и нејзината посветеност за зајакнување на талентите и работната средина, ќе ги води операциите на бизнисот со закуски на повеќе од 10 маркети, со тим од повеќе од 1.200 вработени.

На оваа позиција Мерквиладзе ќе го замени досегашниот генерален директор Нун Пинто Леите, кој кариерата ја продолжи во Франција, на местото генерален директор на компанијата. Во текот на претходните 3 години, Пинто Леите одигра клучна улога во одржувањето на лидерската позиција на пазарот, поттикнувајќи ја иновативноста и ефикасноста во деловното опкружување. За добрите деловни резултати особено придонесе неговата посветеност да негува култура на талент и отворена комуникација, велат од компанијата.

Бонитет

Можеби ќе ве интересира

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот