Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија
Објавено во: Мои пари 02 Мај, 2024
Конференција за комерцијални недвижности, иницирана и организирана од ФОРТОНМКА, ќе се одржи во Скопје, Македонија, на 22 мај 2024 година во Хотел Хилтон (DoubleTree by Hilton Hotel Skopje).
Оваа година со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSORна Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија.
„Новото обележје на градот“ е веќе препознатлива фраза кога сакате да го спомнете Гранд Скопје – станбено-деловниот комплекс кој се гради спроти хотелот „Холидеј Ин“, на местото од поранешно Ново Маало.
Со огромен потенцијал да го промени пулсот на Скопје, овој комплекс покрај впечатлив дизајн и уникатен архитектонски израз, го карактеризира и функционалноста, но и неповторливи погледи кон најголемите природни убавини на Скопје, реката Вардар и планината Водно.
Посебен шарм на Гранд Скопје му дава и отворената шопинг галерија која се надоврзува на ГТЦ, а каде ќе бидат сместени некои од најголемите светски брендови. Во склоп на шеталиштето пак, посетителите ќе можат да уживаат и во голема ресторанска понуда.
Овој отворен простор во рамки на комплексот Гранд Скопје се слева кон новиот урбан парк со големина колку Плоштад Македонија, кој овозможува идеален простор за социјализација и рекреација за идните жители и посетители на комплексот.
Гранд Скопје креира одлични можности за унапредување на квалитетот на живот во градот и може да послужи како катализатор за економски развој, создавајќи нови можности за вработување и развој на туризмот и културата.
Инвеститор на проектот Гранд Скопје е МГ Фешн, компанија која е дел од групацијата Фешн Груп. Компанијата посветено работи во полето на недвижности, со фокус на проектирање и изградба на комерцијални, резиденцијални и деловни простори.
Со искуството од повеќе од 20 години во оваа дејност, портфолиото на компанијата постојано се збогатува со импозантни проекти и многу задоволни клиенти.
Конференција за недвижности во земјава е во организација на ФОРТОНМКА, компанија која е стратешки партнер на Cushman & Wakefield- најголемата светска компанија за советување за недвижности.
Обезбедувањето на билетите за конференцијата е достапна преку официјалниот сајт на www.realestateconference.mk за сите заинтересирани лица за оваа индустрија.
пр објава