УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?
Објавено во: Македонија, Балкан 02 Мај, 2024
Прогностичките модели кои постојано ги следиме веќе цртаат спуштање на многу ладен возух од североистокот на Европскиот Континент према Балканскиот Полуостров, и тоа некаде околу, или по 10 мај. Овој ладен бран, нормално доколку не се распадне би го зафатил најголемиот дел од Европскиот Континент, условувајќи многу ниски температури на воздухот (кој би биле значително под просекот за месец мај), објави метеорологот Славчо Попоски.
„Со овој ладен бран, во многу делови од Европа, како и кај нас на Балканот се очекуваат врнежи од дожд и снег, како и појава на мразеви“, напиша тој.