19 Јануари, 2018
1.2500
    ALK 7650    0.02%     BESK 9991    -3%     GRNT 824.02    0.32%     KMB 3152.12    0.17%     MTUR 4250    1.19%     OHB 5200    4%     OKTA 3111    -8.96%     RMDEN16 94.4    0%     RZUS 113    9.51%     SLAV 6100    95.89%     STB 960    1.65%     STIL 151.56    0.58%     TIKV 153    -2.55%     TKVS 3202    1.72%     TNB 13228.04    0.22%     TTK 951.17    1.04%     UNI 2000    0.03%     ZPKO 2710    4.23%

Основни информации за Кинеското земјоделство

Објавено во: Агробизнис, Колумни 07 Јуни, 2017

Кина е една од најголемите земјоделски земји во светот, со повеќе од 800 милиони жители кои живеат во селските реони. Кинеското земјоделство храни околку 22% од светската популација ,а располага само со 10% од обработливите површини во светот. Кина е земја со релативно ограничени природни ресурси – растителни, животински, водени, почвени, затоа во земјата се води политика за прехрамбена сигурност. Главната задача во 21 век на кинеското земјоделство е самоисхрана  на населението со локални производи. Покрај таа главна задача, земјоделството на Кина е исправено               пред други три важни задачи. 

Првата е:  да се зголеми зрнестото производство и да се гарантира безбедна храна; втората е: да се зголеми доходот на земјоделските производители и да се стимулира разојот на економијата во селските реони;  третата задача е: да се постигне оддржлив развој на земјоделството. Основните култури кои се одгледуваат во  Кина се : пченица, ориз, пченка, соја, грав, наут , грашок, кикирики. Голем дел од земјоделкото производство се обезбедува од генетски модифицираните растенија (ГМО) – соја, пченица, пченка, кикирики, домати, салати, кои се одгледуваат во Кина. Производството на ГМО, според досегашни информации  е регулирано и се базира на научно докажани механизми за контрола. Се прати глобалната цел – да се зголемат приносите на земјоделските производи. 

      Кина е најголемиот извозник на храна во светот. Во селските реони на земјата има слободна работна сила што е поволна претпоставка за специјализација на земјата во извоз на трудоинтензивни земјоделски производи со висока пазарна цена на производите како што се: зеленчук, бобови култури, чај, цвеќе и др. Извозот на такви земјоделски производи дополнително го помага националното производство и гарантира економски раст на земјата. 

      Поради ограничениот обем на обработлива површина, во Кина се внесуваат такви земјоделски култури кои бараат големи површини за одгледување, како што е пченка,луцерка, памук, маслодајни култури и др. Кина исто така увезува големи количини на млеко во прав, млечни производи, јајца, месо.

      Самозадоволување на населението води до концентрација на паричните приливи во земјата и влијае во развојот на земјоделската стопанска гранка,          врз база на тоа државата вложува во иновации.

      Кина има големо оранжериско производство кое базира на 400.000 ха, а основната култура се доматите.  Оранжериите за производство на зеленчук се обезбедени со современи технологии за наводнување и ѓубрење, а главна цел е пораст на приносите. Оранжерија во провинцијата Дзјансу , со примена на современа холандска  технологија за  заедничко  одгледување на зеленчук и риби. Рибите се развиваат и растат многу побрзо отколку во природа, бидејќи не се подложни на стрес, а отпадоците од животните функции на рибите се претвараат во ѓубрење на растенијата.

      Во националната стратегија за одржлив развој на водните ресурси во Кина во 2001 година е формирано претпријатие за производство на системи за наводнување. За 14 година прераснува во водечка марка  со висока ефективност како водечки меѓународен добавувач на современи системи за наводнување. Во 2005 година е формирана фарма специјализирана за органска храна “Tomy s Farm”, која изгради девет бази за органско производство на зеленчук. Маркетинг моделот  што го применува промовира директна продажба меѓу членовите и преку електронска продажба. Производите кои ги нуди се овошје, зеленчук, месо, домашна живина, јајца, млеко ориз, риба и друго, со кои ги задоволува потребите на средна и побогата класа во Кина.

       Во Југозападна Кина се наоѓа селото Хуакси - најбогато село во Кина. Настанало во 1961год. денес селото  се развило во голем индустриски и земјоделски центар.

Во селото е изграден хотел со 5 ѕвезди, висок 328 метри за вредност од 0.5 милиони долари. Во селото живеат 2000 жители и сите се акционери по наредба на комунистичката партија. Живеат во куќи со средна големина околу 750 м2 и имаат најмалку по еден автомобил во семејството. Образованието и  медицинската заштита се бесплатни. 

      Земјоделскиот менаџмент и маркетинг се резултат  од примена на долгорочен систен на планирање, пазарни принципи на соработка помеѓу                  политичари, истражувачи и земјоделски стопанственици. Тоа како и располагањето со огромен потенцијал на слободна работна рака е причина за брз развој на земјоделството во Кина и достигнувањето на најголем извозник на храна во светот. 

П.С. Денес Кина има 1,368 милијарди жители, 10% од обработливата површина во светот има 54,8% урбанизирана територија и 7.574 УСА долари бруто домашен производ по жител.

      Извор: Agriciltural economics and management.

Проф.Д-р Борис Анакиев


Можеби ќе ве интересира

Расте откупната цена на тутунот, се интензивираат инвестициите во тутунската индустрија

Расте откупната цена на тутунот, се интензивираат инвестициите во тутунската индустрија

Дали земјоделците должници ќе можат до државни субвенции?

Дали земјоделците должници ќе можат до државни субвенции?