19 Април, 2024
0.5985

АД ЕЛЕМ ги разгледува сите опции за изградба на нови електроцентрали од базни и од обновливи извори

Објавено во: Мои пари 03 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

АД Електрани на Македонија (АД ЕЛЕМ) ги истражува и ги согледува сите можни опции и потенцијали за изградба на нови  домашни електроенергетски капацитети.  Во тек е изработка на неколку  префисибилити студии  кои  ќе ги дадат можните опции и ќе ги утврдат оптималните локации за нови електроцентралишто во перспектива би биле базни извори на енергија во Република Македонија.  Истовремено, се подготвуваат  платформи за изработка на студии кои треба да ги покажат оптималните и исплатливи  решенија за  изградба на нови капацитети за обновлива енергија и за можностите за дополнително искористување на водите, ветерот и Сонцето. 

Се разгледуваат можностите за изградба на нови или адаптација на  постојните термоелектрани на  битуменозен јаглен  по исцрпувањето на јагленовите наоѓалишта во Република Македонија.  Тие  би се граделе или адаптирале според најстрогите постојни регулативи за заштита на животната средина, со емисии  на штетни гасови и до двапати помали во однос на ограничувањата предвидени во постојните директивишто важат во  Европската Унија.  За сите понатамошни чекори, по изработката на студиите за термоенергетски  постројки,  АД ЕЛЕМ  ќе се консултира со јавноста  и ќе одлучува за идните активности  во согласност со сите засегнати страни и нема да дозволи нарушување на  комодитетот на граѓаните.   

Истовремено,  се согледуваат алтернативите за изградба на когенеративни електрани кои ќе го користат гасот како погонски енергент, со можност за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија. Со оглед на тековните активности за гасификација на Македонија се отвора можност за изградба на неколку електрани на гас.  Студијата треба да понуди три оптимални локации  за вакви објекти.  Едната локација е градот  Скопје , втората би била изградена помеѓу Тетово и Гостивар, а третата  на потегот  Штип – Велес – Кочани. АД ЕЛЕМ во насока на проширување на портфолиото на обновливи извори, во наредниот период продолжува со реализацијата на втората фаза од Паркот на ветерници кај Богданци, третата фаза од ревитализацијата на постојните хидрокапацитети, а продолжуваат и подготвителните активности за значајниот проект за регулирање на водите од реката Вардар преку  оптимално искористување на водите од ХЕЦ Равен до акумулацијата Козјак, со изградба на тунелот Теново-Козјак  чија реализација би  овозможило дополнително производство на електрична енергија од околу 110 гигаватчасови на годишно ниво од  постојните хидроелектраните по течението на реката Треска(Козјак, Света Петка и Матка), а истовремено би се зголемил потенцијалот на реката со можност за изградба на уште неколку хидроелектрани по нејзиното течение.

„Електрани на Македонија“, како и досега, останува отворена за средби во просториите на компанијата со сите заинтересирани страни и невладини организации од областа на животната средина  во врска со  преземените  инвестициски активности и развојните планови на компанијата.                                                                                                       

Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ