25 Април, 2024
0.0281

Сепак семејството Талески со среќа до награда

Објавено во: Мои пари 26 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Првото извлекување од наградната игра организирана од страна на Витаминка под името „Стобиранка“ донесе среќа за 177 добитници, уживатели во вкусот од производите на Стоби. Оваа наградна игра на „Стобиранка“ важи за една од најголемите и највредни наградни игри во корист на граѓаните што се организирани во Македонија. Покрај големиот фонд и бројот на добитници, oна што посебно го одбележи ова извлекување е среќата на фамилијата Талески, учесник во наградната игра. Фамилијата Талевски освои дури 10 награди од Стобиранка, случајност што ја крена јавноста на нозе, па затоа ги контактиравме преставниците на Витаминка, за тие детално и јасно да ни објаснат.

„Витаминка како сериозна компанија ги зеде предвид сите коментари на ФБ кои се однесуваат на наградната игра Стобиранка. Направена е дополнителна проверка на сите добитници и сакаме да ве информираме дека нема ниту една нерегуларност ниту пак злоупотреба на механизмите на наградната игра. Наградите беа извлечени по случаен избор и транспаренто во пренос во живо, пред повеќечлена комисија. Витаминка која е компанија со традција од 60 години во никој случај нема да дозволи да се случи каков било пропуст што ќе ја доведе во прашање нејзината репутација, а особено поради одговорноста која ја имаме пред своите лојални потрошувачи и своите вработени“, стои во одговорот на преставниците од Витаминка.

По извлекувањето, Фактор стапи во контакт со фамилијата Талески, со Џетан Цапа, добитникот на автомобилот Toyota Yaris, главната награда во првото извлекување, како и со мајката на Билјана Павловска, добитничката на скутерот.

Она што го воочи Фактор по разговорот со фамилијата Талевски е дека среќата ги прати упорните. Согласно со правилата на наградната игра на Витаминка, секој може да учествува во наградната игра онолку пати колку што сака и колку што може да си дозволи. Токму тоа правило го искористиле Талевски и во првото извлекување учествувале со дури 640 пликоа, зголемувајќи си ги шансите за добивка, а со тоа потврдувајќи дека нивната стратегија и упорност очигледно и се исплатела. Таткото работи како дистрибутер на плински боци, мајката како куварка а ќерката учи во средно медицинско училиште. Талески тврдат дека немаат никакви врски со Витаминка освен што со години се верни корисници на нивните производи. За поздравување е и нивната великодушност која се потврдила и со потегот, дел од купените производи ги подариле на своите пријатели и познаници. Иако радосни за среќата, тие ни потврдија дека во следните извлекувања нема да учествуваат со толква број на пликоа, но сепак не се откажуваат од учеството поради тоа што се редовни, долгогодишни и верни потрошувачи на Стоби производите.

За разлика од нив, добитникот на главната награда Toyota Yaris, господинот Џетан учествувал со само 4 пликоа во целиот куп од десетици илјади пликоа и среќата го посакала тој да го добие автомобилот во целата таа конкуренција. Едноставно не му се верувало кога му се јавиле да го известат дека токму тој ја добил Тојотата, иако постојано посакувал да биде дел од добитниците на било каква награда во извлекувањата на Стобиранка.

Стобиранка продолжува, на 27ми Ноември е второто извлекување на кое же се доделат нови 177 награди. Кориснициците и понатаму може да ги испраќаат пликата преку пошта или во означените кутии поставени во одредени маркети. Неизвлечените пликови од првото извлекување ќе учествуваат во второто, а од првото и второто извлекување ќе учествуваат и во третото, па и редакцијата на Фактор им посакува среќа во следните извлекувања.


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет