29 Март, 2024
0.0289

10 години од починувањето на првиот премиер на независна Македонија

Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Никола Кљусев, првиот премиер во независна Република Македонија, почина на денешен ден пред точно 10 години. Тој ја водеше првата македонска влада составена од експерти пред да се одржат следните парламентарни избори на кои победи СДСМ и го избра Црвенковски за претседател на владата. 

Освен премиер, тој беше и економист, универзитетски професор, истражувач. општетсвеник и член на МАНУ.

Кљусев е роден на 2 октомври 1927-та година во Штип, а во периодот од 1942 до 1945-та година учествувал и во Антифашистичката борба во Скопје. Во 1947 година заминал на студии на Економски факултет во Белград, каде бил уапсен и испратен на Голи Оток, поради што две години бил исклучен од Универзитетот. Дипломирал економија во Белград во 1953 година, а докторирал во 1964 година.

Кљусев беше првиот премиер на првата експертска Влада на Република Македонија во периодот од 1991-1992 година, период во кој беше воведена македонската валута денарот и формирана Армијата на Репблика Македонија.

По премиерската функција, Кљусев во периодот од 1 декември 1998 до 28 јули 2000 година беше министер за одбрана во Владата на Љубчо Георгиевски, а во 2006 година беше именуван од Владата на Република Македонија за претседател на Управниот одбор на Агенцијата за директни странски инвестиции.

Почина на 16-ти јануари, во 2008-та година, на 80 годишна возраст.


Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани