19 Април, 2024
0.0251

10 грешки кои можат да и наштетат на вашата кариера

Објавено во: Стил 12 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Која е најголемата грешка која сте си ја допуштиле, градејќи ја својата кариера?

Ова е една од најфреквентните дебати во сајтот за споделување Quora, каде што луѓето поставуваат прашања и добиваат одговори во своите различни интригантни теми.

Едно од најчитаните и коментирани мислења е одговорот на Крис Херд, архитектонски менаџер за активности во нафтената и гасната индустрија.

Еве ја неговата инструктивна листа:

1. Верување во погрешни луѓе и здружување со грешните групи може да го забави развојот на вашата кариера со години.

2. Недостаток на адекватен ментор, кој ќе ве извести за работите над кои треба да се фокусирате и работите што треба да направите.

3. Концентрацијата на платата, а не учењето. Најважно во почетокот на вашата кариера е да бидете дел од работната атмосфера, која ќе ви изложува на секој елемент и секој дел од бизнисот во кој сакате да учествувате.

4. Премногу раната специјализација. Започнете со пошироките интереси. Дајте си време и можност да се најдете на природен начин во она во што сте најдобри.

5. Очекување дека можностите сами ќе појават пред вас, наместо активно пребарување и создавање врски.

6. Не чекајте, за да почнете да пишувате. Почнете да пишувате што е можно порано. Докажете се како важна личност во вашата индустрија. Пишувајте по малку секој ден и повеќе - барем еднаш неделно. Можете да напишете дури книга ...

7. Мислата дека само дипломата ви е доволна квалификација за да започнете работа беспрекорно.

8. Мислата дека ги имате сите вештини и квалитети од кои индустријата има потреба е заблудата дека нема потреба да се развие име како личен бренд.

9. Став дека треба да  се работат долги часови, за да се импресионираат луѓето, а во меѓувреме не го оценувате слободното време. 

10. Недостатокот на верба во самите вас, стравот да изградите нешто ревалоризирачко.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре