24 Април, 2024
0.0263

10 најпривлечни земји за пензионерски живот!

Објавено во: Стил 06 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Со своите ниски трошоци на живот, блага клима и ниските цени на недвижностите, Еквадор веќе петта година по ред е избран за најдобра дестинација за пензионерски живот на Американците и Канаѓаните. Во редовното годишно истражување порталот „IternationalLiving“,  Еквадор по петти пат доби највисоки оценки во оваа категорија. На второ место е Панама, по што како најдобри земји за живот на пензионерите се наведуваат Малезија, Мексико и Коста Рика. „Мислам дека пресудна е комбинацијата на гостопримството, пријатна клима, ниски цена на имоти и релативната близина на САД", изјави уредникот на порталот Дан Прешер. Истражувањето се  темели врз следниве фактори: трошоци на живот, клима, цените на недвижностите, здравствена заштита, можоста за интеграција на пензионерите во секојдневието како и начини на забава и посебни поволности за пензионерите. Десетте најатрактивните земји за пензионерски живот ги вклучуваат и Уругвај, Колумбија, Шпанија, Тајланд и Малта.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган