Добивај вести на Viber
Со проект вреден 100 милиони евра, во Софија комплетно ќе се реновира патната мрежа. Европската инвестициска банка е подготвена да обезбеди половина од овие средства, а другите 50 милиони ќе дојдат од општинскиот буџет, соопшти заменик-градоначалникот за финансии Дончо Барбалов. Според него, целта е во следните 3-4 години да се реновираат сите улици во градот, но тоа не значи само асфалтирање на патните ленти, туку и поправка на тротоарите, улично осветлување, сообраќајни знаци и уредување. Покрај реновирањето на постојните улици, се предвидува и изградба на нови.
Во моментов се прави финансиска конструкција и се пресметува враќањето на инвестициите. Предвидено е фиксна камата за заемот од околу 3.6% за 25 години, вклучувајќи и четири години грејс период.