19 Април, 2024
0.0583

100 на 100.000

Објавено во: Анализа 20 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Толку може да добијат американците годишно ако штедат во нивната земја или поточно ако парите ги орочуваат на еден месец преку цела година. Ние може да добиеме 1.500 долари. Да направиме мала анализа: Од горната табела може да видите колку камата може да добијат американците за нивните долари и колку камата може да добиеме за нашите денари. Веројатно некој треба да им каже дека денарот засега е доста стабилна валута и не е лошо да бидат штедни инвеститори во земјава. Тие ќе си добијат поголема камата, а ние ќе имаме повеќе слободни пари за кредитирање. Тоа секако може да предизвика поголема побарувачка за нашата домашна валута, па така истата ќе почне да јакне и штедачите што имаат сега денари кога ќе сакаат да си повлечат ќе може да си купат повеќе долари. Ова е секако паушална макроекономија но можеби треба да почнеме да организираме валутен туризам. Не знам колку е законски дозволено да се внесуваат големи пари тука, но делува како добра идеја. Како и да е, да се вратиме на целта на приказната. Горната табела е една од причините за силниот раст на берзата во САД. Ниските камати благопријатно делуваат за државата, која го рефинансира долгот по камати многу помали од историскиот просек, но затоа на луѓето кои оствариле заштеди ваквата ситуација баш не им одговара. Во САД во моментов инфлацијата е некаде околу 3%, што значи дека реално на орочените пари губат по цели 2% годишно. Значи со нивните пари (иако седат и носат камата во банка) може да купат 2% помалку производи од тоа што можеле минатата година. Поради овие причини луѓето инвестираат се поголем процент од своето портфолио на берзата. А во САД имаат доста начини да инвестираат на  берза, и тоа директно преку брокер, инвестициски фонд, ако сакаат полукоцкарски со левериџ, преку еден тон деривативи и разно разни егзотични финасиски направии. Секако дека ова не е главна причина за растот на берзите но ваквата ситуација едноставно ги тера луѓето да превземаат поголем ризик. Претпоставуваме дека Бен Бернанке токму тоа и го посакуваше и сега за сега успешно го остварува. Ризикот е на масата и малите играчи повторно играат. Тоа без дилема можеби ќе ги чини скапо, но како и обично никој сега не размислува на таа тема. Од друга страна се јавува и еден интересен парадокс. И покрај толку ниските камати за штедење американците плаќаат супер високи камати за нивните картички и тоа верувале или не слични на оние што во моментов ги плаќаме ние во Македонија. Во меѓувреме размислете што е подобро, високи камати и падната берза или ниски камати и порасната берза. Милан Димитриоски    

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза