28 Март, 2024
0.0272

10то јубилејно издание на ЛИДЕР Проектот во Македонија – Лидерство, Едукација и Развој

Објавено во: Мои пари 21 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Невладината организација Македонија2025 го отвори повикот за аплицирање на десеттото по ред  издание на ЛИДЕР Проектот во Македонија.

Проектот ќе се одржи овој Мај во Скопје, а 40 учесници  ќе добијат целосни стипендии од страна на Мк2025 каде се вклучени предавањата, материјалите како и освежувањата за време на паузите.

Ivey School of Business, го организира ЛИДЕР Проектот уште од 1991. Оваа бесплатна програма, претставува десетдневна МБА работилница, која им овозможува на претприемачите да ги развиваат своите локални бизнис решенија, коишто ќе отворат можности за нивните заедници. Во текот на програмата учесниците на Лидер Проект ќе бидат во можност да го надградат своето знаење преку предавањата на врвни МБА инструктори кои зад себе имаат неколкугодишно работно искуство во менаџмент и телекомуникации, индустриско производство, нанотехнологија и мехатроника, деловни стратегии, дигитални екосистеми, бизнис инкубатори и други сфери.

Кој треба да аплицираАко сте претприемач, менаџер, сопственик на компанија или млад професионалец, кој делува локално, а мисли глобално и ако сте решени да ја остварите Вашата идеја, тогаш ЛИДЕР Проектот е за Вас.

Што ќе научите: Алатки за анализа, процеси за размислување и вештини за донесување одлуки кои се потребни на секој претприемач и менаџерза надминување на предизвиците и за да напредува.

Кога и каде ќе се одржи:  ЛИДЕР Проектот ќе се одржи од 8-19 мај, секој работен ден од 12-16 часот, во Дипломатик Салата на Скопскиот Саем.

Само на учесниците кои ќе присуствуваат на минимум осум денови од работилницата, ќе им бидат доделени сертификати.

За да аплицирате за програмата, на elena@macedonia2025.com испратете:

-Апликација во PDF формат, која треба да ја пополните, а може да ја симнете тука.(http://www.macedonia2025.com/resurces/Application_Form_2017.pdf)

- Биографија до 200 зборови (пример на следниот линк http://www.macedonia2025.com/about/leaders_club)

- Фотографија во боја

Крајниот рок за аплицирање е 25-ти март.

Само кандидати кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија