24 Април, 2024
0.0270

11 декември, време за отплата на гревовите

Објавено во: Македонија, Колумни 21 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Денеска почнува изборната кампања за вонредните парламентарни избори од чии резултати се очекува земјата да добие парламентарна и извршна власт која ќе обезбеди враќање на демократските принципи. Принципи што подразбираат пред се’ контрола на злоупотребата на моќта, еднаквост, одговорност, транспарентност, владеење на правото, и тоа се со цел  поставување на локомотивата на колосекот кој треба да обезбеди излез од длабоката економска криза. Ваквите очекувања се присутни кај повеќето граѓани, меѓутоа, не сите од нив идентично ги разбираат споменатите принципи.

Кај дел од  приврзениците на владината коалиција не  постојат проблеми во изградбата на правна држава, економска криза не постои,  а актуелната политичка криза ја предизвика  опозицијата. Ништо не им значат критиките за партизираност на државата, дури и за нејзино заробување, узурпирање од врхушката на власт. За нив нема ни економска криза и покрај очигледната немоќ земјата да ја извадат од „замката“ на ниски стапки на раст, ниту со задолжувања кои ќе ги враќаат идните генерации. А за евроатланските интеграции и не сфаќаат дека денеска проблемот не е само името или, објективно гледано, со оглед на вкупните проблеми во земјата, тоа станува споредно прашање.

Мора да разбереме дека  Унијата не сака земја со проблеми. И какво фајде би имале доколку станеме членка, а притоа  се заобиколат неопходните реформи за создавање на ефикасна правна држава и функционална пазарна економија? Тука среќа нема, зошто нема ни перспектива и одржлив развој. Зарем нормално е да бараме да бидеме примени во Европа со бремето кое го носиме од организираното нелегално прислушување, за почеток на над 5000 граѓани. Какви граѓани би биле ние ако  не се обезбеди правна разврска  за виновниците со што се повредија нивната приватност и нивните човечки права, а да не зборуваме за  злоупотребите  што можат да се прават преку незаконски прислушувања на личните комуникации на политички конкуренти, бизнисмени, новинари....

Сепак изборот е на граѓаните. На изборите на 11 декември тие треба да одлучат дали ќе им дадат поддршка на кандидатите кои не нудат ништо повеќе од одржување на статус кво позиција со што само не’ водат кон продлабочување на кризата  или ќе се определат за кандидатите кои недвосмислено се определени да стават крај на десетгодишното  авторитарно владеење.

Нема ниту еден здрав аргумент за одржување на статус кво позиција. Неодржлива е дилемата за некаков избор меѓу Парите и Демократијата. Божем гласачите, од интерес, ќе ги одберат коруптивните Пари на власта. Всушност, дилема и не постои, бидејќи нема на видик големи Пари поради кои граѓаните би замижале на злоделата од власта кои ни се случуваат. И од она што зедоа не се усреќија. Земјата е во групата на најсиромашните во Европа, со најниски просечни плати и пензии...А со интензивниот пораст на јавниот долг и потребата за негово сервисирање сериозно е редуцирана можноста за подобрување на состојбите. Очигледно е дека отфрлањето на режимот и фаќањето пат кон демократијата е единственото решение да се направи пресврт кон одржлив развој и побогат живот на населението.

За надминување на дилемата кому да му се даде довербата не треба многу напори.  Ѕидот кон вистината се руши штом ги слушнете, „бомбите“ на Заев. Од таму јасно се гледа кој не’ водел. Со покренување на обвинение против лица од УБК паѓа и одбраната дека прислушувањата ги вршеле странски служби. Не заборавајте дека врхушката на власт, во контролиран правосуден систем, не се обиде да ја докажува својата невиност. Го спречи дури и утврдувањето на политичка одговорност во Собранието на РМ. Сета активност ја насочи кон лиферување на лаги за да се одбрани од оптужбите за извршеното, по обем, невидено злодело. Ги искористи и сите институции да ја опструира работата на расчистување на сомневањата и оптужбите за извршените недела. Изнуди дури и вратоломии каква што беше аболицијата на над 50 лица во врска со прислушуваните материјали. Не се срами ни да се заканува дека ќе го укинат, доколку ја освојат власта, и СЈО, институцијата за чие формирање и врхушката даде благослов.  Очигледно е дека со нивната досегашна „одбрана“ само ја признаваат вината за скандалот со прислушувањата, а се’ што прават е во насока да ја избегнат одговорноста за тоа.

Пробивот кон подобро е можен само доколку се стави крај на криминогеното владеење. Ако му се  даде  поддршка на режимот извесно е дека состојбите  ќе се влошат и ќе продолжи агонијата во земјата. Но, нема многу да трае. Противречностите се толку изразени што криминогената власт не може да ги разреши. Режимот ќе се распадне сам од себе. Меѓутоа, цената ќе биде многу повисока одколку кога би се отфрлила на предвремените избори. Гласачите се на потег, 11 декември е датумот со кој треба да започне отплатата на гревовите.

д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП