19 Април, 2024
0.0240

12 знаци дека вашите колеги ве мразат. Дури и да не го кажуваат тоа

Објавено во: Стил 31 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Важно е да знаете на кого може да му верувате на работното место.

Добро е да се создадат пријателства на работа, но уште покорисно е да откриете кои колеги не се сочувствителни за вас.

Од Business Insider побарале мислење од Лин Тејлор, национален експерт за културата на работното место и автор на "Tame Your Terrible Office Tyrant: How to Manage Childish Boss Behavior and Thrive in Your Job" и Мајкл Кер, меѓународен бизнис лектор и автор на книгата "The Humor Advantage" за меѓучовечките односи на работното место, а особено за знаците кои покажуваат дека не им се допаѓате на вашите колеги .

Тие се:

1. Вашата интуиција ви поткажува

Не ја доведувате во прашање вашата интуиција. Ако се сомневате дека еден колега од вашата канцеларија не е особено пријателски настроен кон вас, обрнете посебно внимание на неговото севкупно однесување. Дали со сите се однесува на овој начин или само со вас?

2. Ги крадат вашите идеи

Според Тејлор, постои веројатност овие вработени да се чисто и едноставно "баратели на слава", кои не го прават тоа за да ви одат на нерви. Ако овие луѓе се обидуваат намерно да ве турнат токму вас од центарот на вниманието, тогаш си имате работа со лица кои не ја поднесуваат идејата дека вие може да постигнете некаков успех.

3. Не се разговорливи со вас

Ако прашате колеги "Како оди?" И добиете одговор "OK" или "Добро" и ништо повеќе, постои веројатност да не сте меѓу најпопуларните луѓе во канцеларијата. Истото се однесува и за пораките во кои се поминува директно кон прашањето, одминувајќи целосно нормален поздрав, од родот на "Здраво" и "Добар ден".

4. Никогаш не те вклучуваат во канцелариски шеги

"Шегите се клучен дел од градење на добро на работа. Тоа што не сте поканет во внатрешниот пријателски круг во канцеларијата, е знак дека колегите не се чувствуваат доволно удобно во ваше присуство, за да ве примат како "дел од компанијата", вели Кер.

5. Глумат шефови

Понекогаш, некои ваши колеги може да се обидат да ја ослабат и омаловажат вашата позиција, играјќи улога на шеф, и покрај јасниот недостаток на каква и да било реална власт и авторитет, предупредува Тејлор.

6. Не го забележуваат вашето присуство

Ако колегите не велат "Добро утро", кога ќе пристигнат на работа или пак "Пријатна вечер", кога си одите, најверојатно не гаат позитивни чувства кон вас.

7. Испраќаат негативни сигнали со јазикот на телото

Без разлика дали се со скрстени раце пред градите или се со загледан поглед во компјутерскиот екран, јазикот на телото често ги покажува нивните вистински чувства кои колегите ги имаат кон вас, тврди Кер.

8. Заземаат заштитен став кога се околу вас

"Ако колегите секогаш заземаат дефанзивна позиција кога сте блиску до нив, или немаат доверба во вас, или доживуваат вистинска омраза кон вас", вели Кер.

9. Постојано ви противречат

Постојаниот напад врз вашите идеи е јасен знак дека постојат луѓе на кои не им се допаѓате многу.

"Ако имате чувство дека некој постојано го оспорува секој ваше предлог, дури и пред да сте ја завршиле мислата, има голема веројатност овој човек да ве мрази до таков степен што да е пристрасен против секоја ваша идеја, дури и оние со кои се согласува со други услови", вели Кер.

10. Тие заговараат против вас

Ако се чувствувате како да сте ставени во сцена од филмот "Mean Girls" и групата од канцелариските пријатели не Ве поканува да седнете кај нив на пладне, имајте на ум дека вашето друштво не е особено пожелно.

11. Никогаш не ве прашуваат за вашиот личен живот

Дали забележавте дека вашите колеги разговараат едни со други за нивните деца, семејства и хоби, но никогаш не ги споменувате таквите теми за вас? Ова значи дека вашите колеги не се заинтересирани за вашиот живот и немаат намера да воспостават пријателски однос со вас, вели Кер.

12. Следете ја вашата работа под микроскоп

"Кога вашиот шеф ве проголтува до таков степен од манија за контрола дека треба да го следи апсолутно секој ваш чекор, неговото однесување може да биде разгледано како форма на малтретирање со цел ваше понижување и навреда", вели Тејлор

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре