13 милиони евра враќа министерството за финансии во стопанството
Објавено во: Финансии 23 Април, 2013
815 милиони денари или околу 13 милиони евра ќе врати министерството за финансии во стопанството по основ државни записи.
Утре доспеваат за враќање 3,292 милиони денари, додека на денешната аукција беа реализирани 2,477 милиони денари, соопшти Министерството за финансии.
Целта е да се исполнат барањата на бизнис заедницата за подобрување на ликвидноста во стопанството преку намалување на зафаќањата на пазарот на капитал, се вели во соопштението.