25 Април, 2024
0.0269

133 пратеници го направија Борисов премиер по трет пат-тој го предложи новиот кабинет

Објавено во: Балкан 04 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Со 133 гласа „за“ Народното собрание ја избра третата влада на Бојко Борисов. 100 пратеници гласаа „против“. Со поддршка на изборот на премиерот на соседна Бугарија се изјаснија сите пратеници од ГЕРБ, „Обединети патриоти“ и „Волја“. “Против“ беа пратениците на БСП и ДПС. 

Гласањето за персонален состав на владата беше идентично - 133 беа „за“, 101 “против“ и без воздржани. 

Неговата кандидатура беше претставена од вториот човек во ГЕРБ - Цветан Цветанов.

„Верувам дека заедно со Министерскиот совет и парламентарната поддршка, ќе може да се постигне политичка и институционална стабилност, која е најважна за нашата земја“, рече тој.

Потоа самиот Борисов го претстави составот на кабинетот и го произнесе воведниот говор. 

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов му го предложи на претседателот Румен Радев составот на новиот кабинет „Борисов 3“. Од предложената структура се гледа дека во овој кабинет ќе има 18 министерства - со едно повеќе од претходниот мандат.

Стана јасно дека ќе има одделно Министерство за бугарското претседателство на ЕУ, што ќе биде предводено од Лилјана Павлова - регионален министер во претходните два кабинети на Борисов.

Промена ќе има и кај земјоделството. Новото Министерство ќе се вика Министерството за земјоделство, храна и шумарство, со што во новото е додаден зборот „шумарство“. 

Следува претседателот на Бугарија Радев да издаде декрет со кој ќе му предложи на Народното собрание да го избере Бојко Борисов за премиер на Бугарија и да го одобри предложениот состав на владата.

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“