петок, 27 мар 2015
    ALK 5051.9    -0.9%     GRNT 537    -2.89%     KMB 1863.06    -1.94%     MPT 19405.56    -0.65%     RMDEN05 98.86    -0.14%     RMDEN07 96.8    -0.13%     RMDEN11 95.7    0.42%     SBT 1200.79    0.07%     TEL 300    0.17%     TEMI 70    133.33%     TNB 5450    0.02%     ZKAR 970    -3%
X
Дома / ЕКОНОМИЈА / Индустријата тоне!
Индустријата тоне!

Индустријата тоне!

Погоните на фабриките од месец во месец произведуваат се помалку. Доказ за тоа се статистичките податоци кои покажуваат дека во првите девет месеци од годинава физичкиот обем на производството во индустријата падна за 7% во споредба со истиот период лани. Но, и овој мал процентен пад е застрашувачки дотолку повеќе ако се спореди со податоците од претходните години. Статистиката покажува дека и покрај економската криза која ја зафати македонската економија кон крајот на 2008 година и цела 2009 година, физичкиот обем на производство во индустријата не потонал.

Анализирано по месеци, физичкиот обем во индустриујата е најлош во јануари годинава кога има пад од дури 27% во споредба со истиот период лани и во февруари каде падот изнесува 17%. Благ пораст на обемот на производство во индустријата од 1% има во март, од 2% во јуни и од 7% во јули. Останатиот период од годината, според државната статистика индустријата работела слабо.

Физички обем на производство во индустријата

I-IX 2012 2011 2010 2009 2008 2007 2006

-7% +3,3% 0 +5,1% +15,1% +9,5% +5,4%

 

Извор: Државен завод за статистика

Спонзориран линк:

Дали сакате да добиете 50€ реални пари за тргување на глобалниот финансиски пазар и започнете да заработувате пари? Регистрирајте се овде и почнете да тргувате со 50 евра на светската берза

Одговори