вторник, 30 јун 2015
    ALK 4779.92    -0.14%     CEVI 515    -2.83%     GRNT 460    -1.27%     KMB 1795.31    -0.26%     MPOL 125    -58.05%     MPT 18500    0%     MTUR 3369.45    -0.9%     POPK 14    -6.67%     REPL 51500    -2.83%     RMDEN14 92.7    0%     STB 330    0%
X
Дома / СКОПЈЕ / Едно евро за квадрат откуп на земјиште од дивоградбите
Едно евро за квадрат откуп на земјиште од дивоградбите

Едно евро за квадрат откуп на земјиште од дивоградбите

За едно евро по метар квадратен секој граѓанин ќе може да легализира земјиште кое се наоѓа под дивите градби, а е државно, предвидува новата владина мерка донесена на последната седница на Владата, која стапува на сила веднаш.
-Најголемиот дел од овие 360.000 семејства практично ќе ја имаат можноста по симболична цена за едно евро по метар квадратен да си ги откупат и дворните места, да можат после тоа да имаат не само легализирана куќа, туку и свој двор, да можат доколку во иднина сакаат да ја срушат старата куќа, да изградат нова, да ја доградат, да ја надградат или да ја продадат, да ја дадат под залог за да има поголема вредност да земат кредит“, истакна Груевски по пуштањето во употреба на спортска сала во средното училиште “Зеф Љуш Марку“ во општина Бутел.
Со оваа одлука, тој посочи дека го комплетираат прашањето на сопственоста на имотите во целост, по мерките за денационализацијата, враќањето на старите заробени девизи, легализацијата на дивите градби и дворовите за едно евро по метар квадратен.
-Значи некој има изградено дива градба на државно земјиште и сега ја легализира дивата градба, но земјиштето се уште не е негово. Тоа е државно, а тој треба да плаќа или закуп или да гарди нелегално ако сака да догради или ако е стара куќа сака да ја сруши да изгради нова или да ја надгради, тој не може бидејќи секое поместување ќе значи нова дивоградба за која тој штотуку се ослободил. Затоа одлучивме и земјиштето кое се наоѓа под дивите градби, а е државно, секој граѓанин да може да го легализира за едно евро по метар квадратен“, додаде премиерот Никола Груевски.

Спонзориран линк:

Дали сакате да добиете 50€ реални пари за тргување на глобалниот финансиски пазар и започнете да заработувате пари? Регистрирајте се овде и почнете да тргувате со 50 евра на светската берза

Одговори