петок, 29 мај 2015
    ALK 4877.96    -0.11%     CEVI 526    0.77%     FUBT 608    0.83%     KMB 1851    0%     MPT 17769.29    -0.38%     OHB 1700.06    0%     RZIT 25    0%     SBT 1146    -8.32%     SLAV 3210    0%     STB 321.42    -2.6%     TEL 232.12    -1.23%     UNI 561    -6.5%     VITA 8800    2.33%
X
Дома / МОИ ПАРИ / „Рециклираме и се маскираме“- прв Еко маскенбал
„Рециклираме и се маскираме“- прв Еко маскенбал

„Рециклираме и се маскираме“- прв Еко маскенбал

Tрговскиот центар „Рамстор“ заедно со „Пакомак“, по повод 1-ви април организираат  Еко маскенбал кој ќе биде натпревар наменет за градинките и основните училишта.

Темата на првиот маскембал од ваков тип е Рециклираме и се маскираме“, а задача на младите креативци ќе биде да изработат маски од материјали кои се рециклираат и истите да бидат едукативни, забавни и инвентивни.

„За нас 1-ви Април е еден од најубавите празници, затоа што тогаш децата се највесели и најпрепуштени на нивната бескрајна креативност, градските улици се исполнети со колоритни и инвентивни маски, па сакавме таа живост да ја пренесеме и во нашиот трговски центар. А создавањето на еко концептот за изработка на маските беше врз основа на нашите постојани заложби, и преку детското катче „Сезнајковци“ и воопшто како компанија, односно поттикнување на младите на рационално размислување за животната околина во која живеат и поддржување на креативното размислување преку кое децата ќе испратат едукативни пораки“, изјави Елида Трајковска, координатор на проектот во Рамстор мол центарот.

Учесниците во натрепварот можат да се пријават најдоцна до 31 март, до 18 часот на пултот поставен на главниот влез во трговскиот центар „Рамстор“.

За избор на најдобра и најкреативна екомаска ќе се погрижи жири комисијата составена од претставник од Рамстор, Пакомак и ликовен педагог.

Спонзориран линк:

Дали сакате да добиете 50€ реални пари за тргување на глобалниот финансиски пазар и започнете да заработувате пари? Регистрирајте се овде и почнете да тргувате со 50 евра на светската берза

Одговори