среда, 1 апр 2015
    ALK 5065.35    -0.34%     BESK 4600.92    0.02%     FUBT 500    0%     GRNT 521    -2.98%     KMB 1849    -0.38%     MABI 1000    0%     MPT 18600.4    -1.59%     MTUR 3897    -0.05%     OHB 2024.81    -0.17%     PPIV 20500    0%     REPL 57000    0%     RMDEN09 96.5    1.58%     RMDEN13 95    0%     RZIT 25    0%     STB 320    -0.02%     STIL 72    -2.7%     TEL 288.46    -0.87%     TETE 650    0%
X
Дома / АГРОБИЗНИС / Тројно ќе порасне родот на пченката во Пелагонија и Полог
Тројно ќе порасне родот на пченката во Пелагонија и Полог

Тројно ќе порасне родот на пченката во Пелагонија и Полог

Наместо како досега 5 тони по хектар, родот на пченката ќе треба да порасне на 15-17 тони на едн хектар во Полошкиот и Пелагонискиот регион преку системот за наводнување „капка по капка“. Ова е целта на новиот проект на УСАИД во соработка со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) од Битола.

Според најавите, проектот ќе трае 4 години и според директорот на Агенцијата за развој на земјоделството, Јордан Кузмановски, треба да доведе од експанзија на малите бизниси и развојот на земјоделството.

„Ги охрабруваме земјоделците со стекнување на знаењата од овој проект да го зголемат квалитетот и квантитетот на своите приноси. Планираните активности најпрво ќе се реализираат во Полошкиот и Пелагонискиот регион за што се пријавени 44 одгледувачи на пченка, а наскоро со нив ќе бидат опфатени и другите региони во државата“, рече Кузмановски.

Проектот на УСАИД ќе ја поддржи советничката мрежа на Агенцијата за промоција на добрите земјоделски практики, вклучувајќи ги и модерните постапки, како и соодветната употреба на регистрираните агрохемикалии преку тренинзи и теренски надзор.

Системот „капка по капка“ за производство на пченка е ефикасен и економичен метод чија инвестиција се враќа брзо бидејќи приносите ќе се зголемат двојно истакнаа денеска од УСАИД.

Спонзориран линк:

Дали сакате да добиете 50€ реални пари за тргување на глобалниот финансиски пазар и започнете да заработувате пари? Регистрирајте се овде и почнете да тргувате со 50 евра на светската берза

Одговори