понеделник, 2 мај 2016
    ALK 5001    0.02%     GRNT 464.5    1.07%     KMB 2199.95    0.76%     MPOL 151    0%     MPT 17518.8    1.26%     OKTA 829.58    3.7%     PPIV 29000    0%     SBT 1082.1    2.08%     STB 420.41    -0.86%     STIL 47    -2.08%     TEL 270    -0.09%     TNB 7400    0.01%     TPLF 554    -2.75%
X
Дома / СВЕТ / Нови забрани за купување автомобил во Кина
Нови забрани за купување автомобил во Кина

Нови забрани за купување автомобил во Кина

Кинеските власти планираат во многу градови да воведат ограничувања за купување на автомобил за да се намали загадувањето на воздухот, објавија кинеските медиуми.

Ова ограничување веќе е воведено во четири големи градови, вклучувајќи ги и Пекинг и Шангај, а сега се планира тоа да се воведе и во уште осум милионски градови. Со новите мерки годишно треба да се намалува бројот на нови автомобили на улиците од овие градови за  400.000.

Кина во последниве години стана најголемиот пазар на автомобили во светот, а само минатата година во земјата се продадени 13 милиони нови автомобили. Издувните гасови од моторните возила се сметаат за најголемиот поединечен загадувач на воздухот во Кина.

 

Спонзориран линк:

Дали сакате да добиете 50€ реални пари за тргување на глобалниот финансиски пазар и започнете да заработувате пари? Регистрирајте се овде и почнете да тргувате со 50 евра на светската берза

Одговори