недела, 21 дек 2014
X
Дома / МОИ ПАРИ / Народни верувања за парите
Народни верувања за парите

Народни верувања за парите

Постојано си без пари, а кога ќе ги добиеш никако да ги задржиш.. Само проблеми со парите! Но, имаме неколку совети за вас. Народот ги измисли, ние ви ги пренесуваме:

Пари!

За да ги задржиш заработените пари во твојата куќа, потребно е оној ден кога ќе ја добиеш платата да не потрошиш ниту еден денар.

Целата плата мора да преноќи дома!

Животните мудрости советуваат дека крупните банкноти треба да се сочуваат година дена, со што ќе се наполнат со вашата енергија и ќе привлекуваат уште повеќе пари.

Нема да имаш пари ако свиркаш во собата и ги чистиш трошките со раце.

За да имаш пари метлата треба да ја поставиш со рачката надолу.

Зголемување на платата треба да бараш во среда.

Џебовите на облеката што е вон сезона и сте ја оставиле во гардеробот, треба да ги наполните со ситни парички.

Паричникот никогаш не се држи празен, во него треба да има барем ситни парички.

Парите заработени со коцкање или игри на среќа, заработени нечесно или пронајдени – не носат среќа. Затоа не треба да се држат во паричникот, туку треба брзо да се потрошат или споделат пријателите и сиромашните.

Одговори