понеделник, 3 авг 2015
    JUGO 150    -94.44%     KMB 1800.98    -0.5%     MKSD 100    0%     MPT 18510    0.05%     OHB 1800    0%     RMDEN09 94    -1.05%     RMDEN10 93    -2.11%     RMDEN11 92    -2.65%     RMDEN13 92    -1.08%     RMDEN14 92.9    0%     STBP 305    1.67%     TETE 655.5    1.22%     TNB 5500    0%     TPLF 680    0%
X
Дома / ЕКОНОМИЈА / „Виз ер“: За 1500 денари од Скопје до Париз, Брисел и Франкфурт
„Виз ер“: За 1500 денари од Скопје до Париз, Брисел и Франкфурт

„Виз ер“: За 1500 денари од Скопје до Париз, Брисел и Франкфурт

И премиерот Груевски ги најави трите нови дестинации  на кои од април идната година ќе можат да патуваат македонските граѓани со „Виз ер“. Директни летови ќе има од Скопје до Париз, Брисел и Франкфурт.

„Покрај веќе постоечките девет евтини авиолинии со „Виз ер“ договоривме уште три нови линии на кои граѓаните на Македонија ќе можат да летаат по цени почнувајќи од 1.500 денари“, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

Истовремено посочи дека се  преговара и со друга позната нискобуџетна авиокомпанија за отворање на уште три нови евтини авиолинии до други дестинации во Европа.

Доколку преговорите успешно завршат, во текот на наредната година ќе се отворат уште три дополнителни евтини авиолинии, додаде премиерот.

Воспоставувањето на трите нови линии на „Виз ер“ всушност уште во август ги најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.  Тогаш заедно со  извршниот потпретседател на „Виз ер“, Џон Стивенсон и генералниот директор на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски ги најавија плановите за развој на авиосообраќајот во идниот период.

Според најавите Визер кон новите три дестинации ќе се сообраќа двапати неделно, а авиокомпанијата од април следната година ќе пушти во сообраќај и нов патнички авион Ербас А-320 со што го зголемува својот возен парк по воспоставената база на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.

Пет топ дестинации за македонските граѓани се Истанбул, Виена, Цирих, Лондон, Љубљана и Малме. Владата го субвенционира авиопревозникот „Визер“ со по 9 евра по патник оваа година односно по 8 евра догодина.

Спонзориран линк:

Дали сакате да добиете 50 евра реални пари за тргување на глобалниот финансиски пазар и започнете да заработувате пари? Регистрирајте се овде и почнете да тргувате со 50 евра на светската берза

Одговори