среда, 2 сеп 2015
    ALK 4889.71    -0.21%     GRNT 460    -0.03%     KMB 1805    0.22%     MPT 19000    0%     OHB 1920    0.58%     OKTA 501    -16.5%     RZLE 15    0%     SBT 1111.5    -2.76%     SPAZ 8240    0%     STB 351.3    0.37%     STBP 335    1.52%     TNB 6014.2    0.24%     ZPKO 1680    0%
X
Дома / СВЕТ / Зошто Крим е толку важен за Русија што е подготвена да војува?
Зошто Крим е толку важен за Русија што е подготвена да војува?

Зошто Крим е толку важен за Русија што е подготвена да војува?

Полуостровот Крим, кој излегува на Црното Море, е автономна република во состав на Украина. Неговата историја е проткаена со политички тензии. Тој полуостров некогашниот руски претседател Никита Хрушчов го подарил на Украина во 1954 година.

Повеќето жители таму сèуште се изјаснуваат како Руси, иако не треба да се занемари дека 1/3 од населението на Крим се Украинци, а остатокот се кримски Татари кои се изразено антируски определени како резултат на репресиите што ги преживеале за време на Сталин.

Мнозинството на Крим во 2010 година гласаше за претседателот Виктор Јанукович и повеќето жители на овој полуостров веруваат дека тој е жртва на државен удар. Сепак, пред почетокот на немирите во Киев, власта на Јанукович не уживаше преголема доверба на Крим.

За Русија, Крим е важна точка од неколку причини. Пред сè, се работи за полуостров кој некогаш и припаѓал на Русија и во кој мнозинството жители се Руси.

Освен ова, таму се наоѓа најважната руска поморска флота, стационирана во Севастопол. Нивната база е таму веќе 230 години – бродовите и подморниците се наоѓаат северно од Турција, на многу важна стратешка точка од која имаат излез на Средоземното Море.

Под многу контроверзни услови, Русија доби продолжување на дозволата за стационирање на нејзината морнарица на Крим до 2042 година, а спорната одлука ја потпиша токму Јанукович. Стратешката позиција на Севастопол на картата на светот не може да биде подобра – со излезот на Средоземното Море за Русија се отвораат вратите кон Блискиот Исток.

И додека очите на целиот свет беа свртени кон Киев, полуостровот Крим беше целосно занемарен и чекаше како темпирана бомба. Токму ова место во текот на историјата беше централна точка во која се договараа граници. Кон крајот на Втората светска војна сојузничките лидери Френклин Рузвелт, Винстон Черчил и Јосиф Сталин се сретнале во кримското одморалиште Јалта за да ја поделат Европа. Тој состанок потоа беше и почеток на Студената војна.

 

Спонзориран линк:

Дали сакате да добиете 50 евра реални пари за тргување на глобалниот финансиски пазар и започнете да заработувате пари? Регистрирајте се овде и почнете да тргувате со 50 евра на светската берза

Одговори