среда, 31 авг 2016
X
Дома / МОИ ПАРИ / Можете и Вие! – мотото под кое е лансирана новата локална кампања на Универзитетот Шефилд
Можете и Вие! – мотото под кое е лансирана новата локална кампања на Универзитетот Шефилд

Можете и Вие! – мотото под кое е лансирана новата локална кампања на Универзитетот Шефилд

СИТИ Колеџ, Mеѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, ја започна кампањата „Можете и Вие!“. Посебноста на кампањата е што експонира успешни дипломци од Република Македонија, прикажувајќи го нивниот просперитет како резултат на стекнатото образование.

http://www.youtube.com/watch?v=dfOW5RhYkHw

Кампањата „Можете и Вие!“ се обраќа на сите што имаат амбиција да го стекнат своето образование на еден од најпрестижните универзитети во светот и со тоа да изградат професионална кариера.

http://www.youtube.com/watch?v=0c1YBehMXjM

Како дел од оваа кампања се презентирани успешните приказни на неколку дипломци од Република Македонија, меѓу кои: Драгана Чифлиганец како маркетинг директор, Александар Манев како косопственик на медиум, Димитар Никушев како извршен директор и Филип Лунески како менаџер на категорија производи.

„Концептот на кампањата е тесно поврзан со искуствата на успешните дипломци од Универзитетот Шефилд во Република Македонија, кои што ги има повеќе од 850 на број. Во кампањата тие директно ги експонираат нивните постигнувања и успесите на компаниите во кои што работат, со цел да се потенцираат предностите што ги нуди една едукативна институција како што е Универзитетот Шефилд. Сето тоа е проследено со визуелизација на кампусот и студентскиот живот, слика што ја прикажува универзитетската реалност во сета своја мера“, изјави Марија Никовска, од регионалната канцеларија на Универзитетот Шефилд во Скопје.

Универзитетот Шефилд е престижна образовна институција, рангирана во рамките на „Топ 100 универзитети во светот” и меѓу „Топ 10 универзитети во Велика Британија за истражувачка моќ”. Според QS ранг листата за 2013 година, Универзитетот Шефилд се наоѓа на 71-та позиција во светот и на 25-тата во Европа. Припаѓа на 1% од „Најдобрите универзитети во светот” и е прогласен за „Универзитет на годината 2011-2012″ од страна на TimesHigherEducation. Универзитетот Шефилд има 6 академски факултети; пет факултети се наоѓаат во Велика Британија, а СИТИ Колеџот е 6-тиот, Меѓународен факултет кој се наоѓа во Солун.

http://www.youtube.com/watch?v=Ovi9PQjbuFk

Спонзориран линк:

Дали сакате да добиете 50€ реални пари за тргување на глобалниот финансиски пазар и започнете да заработувате пари? Регистрирајте се овде и почнете да тргувате со 50 евра на светската берза

Одговори