среда, 31 авг 2016
    ALK 5381.95    0.58%     GRNT 515    -4.16%     KMB 2476.32    0.89%     KVAS 9046    3.81%     MPOL 137    35.64%     MPT 25577.34    0.33%     OHB 3300    7.06%     RMDEN15 92.6    0.09%     RZUS 86    0%     STB 516.5    -4.17%     STIL 68.44    -0.67%     STTB 800    0%     TEL 270    0%     TNB 7535.63    0.27%     TTK 618    3%
X
Дома / СВЕТ / Бегалец, барател на азил и мигрант – каква е разликата
Бегалец, барател на азил и мигрант – каква е разликата

Бегалец, барател на азил и мигрант – каква е разликата

Европа се бори со најголемата бегалска криза од Втората светска војна наваму. Само оваа година речиси 300 000 луѓе го преминале Медитеранот, а 2373 мигранти и бегалци загинаа во обид да стигнат до Европа, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграција.

„Ројтерс“ објави детално објаснување на разликите помеѓу „бегалец“, „барател на азил“ и „мигрант“. Обично овие зборови се користат како менливи, но разликите се големи и се однесуваат дури и односот кон различните групи.

Бегалец

Според ОН бегалец е човек кој ја напуштил својата земја поради страв од прогон, националност, припадност на одредена социјална група или политичко размислување. Бегалците не ја уживаат заштитата на својата родна земја, бидејќи често се бркаат од своите влади.

Признавањето на бегалец обезбедува заштита согласно меѓународните правни норми, претежно Конвенцијата на ОН за бегалци од 1951 година и поддршка од Високиот комесаријат за бегалци на ОН.

Според податоците на ОН од крајот на 2014 година во светот имало 19.5 милиони бегалци, што е за околу 2,9 милиони повеќе од претходната година. Бегалците имаат три можности – репатријација во земјата, од каде избегале, интегрирање во земјата домаќин или преселување во друга земја.

Барател на азил 

Барателите на азил се стремат да добијат статус на бегалци. Тие бегаат од земјата, барајќи меѓународна заштита. Ако се процени дека немаат потреба од заштита, можат да бидат вратени во своите родни земји.

Мигрант

Бегалците и мигрантите патуваат на ист начин, но мигрантите избираат да ја напуштат државата поради причините кои не се поврзани со гонење. Причините се различни – од желба да учат во странство, до подобрување на идни економски перспективи и оние на нивните семејства, на пример.

Мигрантот продолжува да е под заштита на неговата родна земја, дури и кога е во странство.

Нелегален имигрант

Тоа е човек кој пристигнува во одредена држава со легитимна виза, но ќе одлучи да остане по нејзиното истекување. Оние кои бараат азил, можат да станат илегални имигранти, ако нивното барање за статус не биде одобрено и останат во земјата домаќин.

Економски мигранти

Тоа се луѓе кои ја напуштаат земјата со цел да ја подобрат својата економската положба.

Спонзориран линк:

Дали сакате да добиете 50€ реални пари за тргување на глобалниот финансиски пазар и започнете да заработувате пари? Регистрирајте се овде и почнете да тргувате со 50 евра на светската берза