29 Март, 2024
0.0894

23 вечни совети за среќен брак - од луѓето кои веќе го имаат!

Објавено во: Стил 14 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Кога Дејв и Ешли Вилис се венчале пред 13 години, и двајцата се уште биле млади, заљубени и неуки - особено тој.

Во животниот пат сретнале многу луѓе, кои го споделуваат со нив животното искуство, кое им помогнало да го задржат своето семејство во најтешките времиња.

За среќа Дејв ги запишал најдобрите совети за бракот - едни споделени од помудри луѓе од него, а други научени од неговите сопствени грешки.

Несомнено е едно:

Ако ги примените овие 25 совети за среќен брак, ќе постигнете поцврст и посреќен соживот со сопругот/та (ако навистина да го сакате).

1. Изберете да се љубите еден со друг и во оние моменти кога ви е тешко дури и да се поднесувате. Љубовта е и одговорност, не само чувство.

2. Секогаш кревајте го телефонот кога сопругот/ата ве бара. А кога сте заедно со партнерот пробајте да го држите телефонот настрана или исклучен.

3. Направете го времето поминато заедно приоритет. Одвојте буџет за вечери надвор. Ова ќе ви се исплати, бидејќи времето поминато заедно е "валута" при односите. Затоа инвестирајте време во бракот!

4. Дружете со пријатели кои ќе ви го зајакнат бракот. Стојте подалеку од луѓето кои можат да ви го предизвикаат карактерот и од таму да ви го уништат и бракот.

5. Осигурајте се дека смеењето е саундтракот на вашиот брак!

Споделувајте моментите на радост. И дури и во најтешките од нив, најдете причина да се смеете... заедно!

6. При секоја кавга нема да има "победник" или "губитник". Вие сте партнери во сè, па или ќе заработите или ќе губите заедно.

7. Еден силен брак ретко се состои од двајца силни луѓе во ист момент. Обично кај среќните бракови сопругот и сопругата се силни во моментите кога другиот се чувствува слаб.

8. Приоритетизирајте го она што се случува во спалната соба.

Потребно е многу повеќе од секс, за да се изгради успешен и среќен брак, но невозможно е да се изгради силен брак без него!

9. Запомнете дека бракот не е 50/50 - разводот е 50/50!

Бракот треба да е 100 од 100! Не станува збор за поделба сè на две, а две половини да даваат сè од себе за целото.

10. Давајте го најдоброто од себе еден на друг, а не остатоците останати од најдоброто што сте им го дале на сите други.

11. Учете од другите луѓе, но не чувствувајте потреба да го споредувате животот или бракот со оние на некој друг.

12. Не оставајте го бракот "на чекање", додека децата ви пораснат или во спротивно ќе се стекнете со празно "гнездо" и исцрпен брак.

13. Никогаш не чувајте тајни еден од друг.

14. Никогаш не лажете се еден со друг.

Лагите ја уништуваат довербата, а довербата е основата на здравиот брак.

15. Кога сте направиле грешка, признајте си смирено и барајте прошка. Брзајте да кажете "Не бев во право, жалам. Прости ми."

16. Кога партнерот ќе ја загуби довербата, побарајте негово простување веднаш.

17. Бидете трпеливи еден со друг.

Вашиот сопруг / а секогаш треба да е поважен / на од се друго.

18. Одгледувајте таков брак, кој ќе ги направи вашите синови и ќерки истите добри сопрузи и сопруги, кога пораснат.

19. Бидете најголема храброст за партнерот, а не негов/ нејзиниот најголем критичар. Бидете оној кој ги брише солзите, е не оној кој ги предизвикува.

20. Никогаш не зборувајте лошо за сопругот / та на други луѓе.

Не користете ги социјалните мрежи за пропусти во бракот! Бранете го и почитувајте го  партнерот во секое време и на секое место.

21. Секогаш носете го свадбениот прстен.

Тој не само што ќе ве потсети дека сте поврзани засекогаш со сопругот/та, но и ќе му кажува на останатиот свет, дека треба да почитува некои граници.

22. Кога треба да изберете меѓу тоа да не кажете ништо или да кажете нешто подобро не велете ништо!

23. Никогаш не заборавајте дека еден "совршен брак" се состои од двајца несовршени луѓе кои одбиваат да се откажат еден од друг!