16 Април, 2024
0.0413

24. Меѓународен фестивал на креативноста Голден Драм

Душан Дракалски и Василије Ќорлука дел од жири комисијата на фестивалот

Објавено во: Мои пари 16 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Дваесет и четвртиот фестивал Golden Drum по втор пат ќе биде одржан во Љубљана од 18 до 20 октомври. Посетителите на фестивалот ќе имаат прилика да слушнат повеќе од 30 инспиративни професионалци од различни сфери на креативноста и да погледнат предлози од 38 различни земји, кои ќе се натпреваруваат за престижната награда. Овој фестивал има долга традиција во поддршката на младите таленти и со самото тоа им отвора можност за почеток на кариера. Младите професионалци ќе имаат можност да учат од мудрите и поискусни колеги. Најочекуваниот настан е доделувањето на наградата Golden Drum Grand Award Ceremony и забавата по доделувањето кога и ќе бидат објавени имињата на најдобрите кампањи и концепти, а тимовите кои го заслужуваат најдлабокото почитување за својата оригинална креативост сосема заслужено ќе бидат во центарот на вниманието.

Годинава во жири комисијата се 11 престижни и респектибилни имиња од светот на адвертајзингот и тоа од Велика Британија, Полска, Украина, Романија, Хрватска, Турција, Италија, Унгарија... и две звучни имиња од македонската сцена, Душан Дракалски и Василије Ќорлука.

„Се радувам што ќе бидам дел од едно исклучително квалитетно жири составено од врвни креативци на чело со Бруно Бартели, кој е еден од најплодните и најнаградуваните креативци во светот во последните неколку години. Секако, поканата да бидам дел од жирито претставува голема чест и искрено се радувам на сите дискусии, мислења и опсервации што ќе ги споделиме во процесот на жирирање. Во однос на бројот на пријавени трудови, чинам дека постои раст оваа година, забележливо е враќањето на Русија со голем број на пријавени кампањи, а тука се секогаш „силните” Турција, Романија, Полска... Адриатик регионот, оваа година она што го пропушта во квантитет, солидно го компензира со квалитетот на пријавите“ вели  Василије Ќорлука, главен креативен директор на Публицис Оне за Адриатик регионот.

На него се надоврзува и Душан Дракалски, кој досега бил член на жирито на Голден Драм и на ред други фестивали, вклучувајќи го и Канскиот.

„Овој фестивал сам по себе има опасна конкуренција, многу земји од источниот европски блок освојуваат лавови во Кан (Cannes Lions), а со тоа ја прават уште посериозна конкуренцијта и на Голден Драм. За жал од Македонија нема многу работи годинава. Македонската адвертајзинг сцена има голем потенцијал, како што може да се види на фестивалите ширум светот. Можеби е само пауза во прашање...“.

За повеќе информации посетете ја веб страницата www.goldendrum.com.

Можеби ќе ве интересира

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

Промоција на „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Промоција на „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Велигден во Крушево - голема open air забава во најголемиот адреналински парк во Македонија

Велигден во Крушево - голема open air забава во најголемиот адреналински парк во Македонија

„Чупа Чупсни ме“ наградната игра започнува во „Веро“ маркетите

„Чупа Чупсни ме“ наградната игра започнува во „Веро“ маркетите

Samsung Electronics е лидер на глобалниот пазар за дигитално рекламирање 15 години по ред

Samsung Electronics е лидер на глобалниот пазар за дигитално рекламирање 15 години по ред

СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ

СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ

Голем интерес за услугата OneID на вебинарот организиран од КИБС и Nextsense

Голем интерес за услугата OneID на вебинарот организиран од КИБС и Nextsense

Samsung Electronics е на врвот на глобалниот пазар на телевизори 18 години по ред

Samsung Electronics е на врвот на глобалниот пазар на телевизори 18 години по ред