19 Април, 2024
0.0629

250 денари за вработени, по 100 за пензионери; се печатат електронските здравствени картички

Објавено во: Мои пари 08 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Изработката на електронските здравствени картички се одвива редовно и согласно планот, соопштија од Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).

До крајот на минатата година се подготвуваа податоците за издавање и изготвување електронски здравствени картички за неосигураните лица (невработените лица). Истите во најголем дел се изработени и дистрибуирани во нашите подрачни служби од каде осигурениците може да ги подигнат по доставен доказ за направена уплата за износот за ЕЗК согласно правилникот за цена на чинење на ЕЗК, посочуваат од Фондот. Здравствената електронска картичка чини 250 денари за вработените, 100 денари за невработените и оние со ниски примања и пензионерите, а социјалните случаи врз основа на потврда од Министерството за труд и социјална политика ја добиваат без надомест. Оние осигуреници на Фондот, од категоријата неосигурани лица кои немаа поднесено барање за издавање на ЕЗК или пак барањето не им било комплетно, наведуваат од Фондот, картичка треба да земат за време на пререгистрација на невработените која е во тек. Од Фондот информираат дека за нив се изготвени околу 100.000 картички и осигурениците може да ги подигнат во подрачните служби на Фондот, а се работи на печатење дополнителни 300 илјади парчиња за здравствени осигуреници и нивните членови од семејствата. За вработените во приватните фирми за своите вработени и членови на нивните семејства, веќе може да се поднесуваат барање за издавање на електронската легитимација, а штом бидат изработени се известуваат овластените лица да ги подигнат картичките за своите вработени по претходно докомплетирање на документите потребни за подигање на ЕЗК, се вели во соопштението.

Пензионерите пак треба да поднесат барање за издавање картичка кај матичните лекари, а  во моментов за нив има испечатено околу 50.000 картички, додека во фаза на изработка за нив се уште околу 150.000 легитимации.

Досега се изработени 500.000 електронски здравствени картички и тековната продукција се одвива непречено, велат од Фондот.

   

Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ