29 Март, 2024
0.0279

27 компании правеле малверзации со средства на ПИОМ

Објавено во: Финансии 13 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Кај 27 акционерски друштва и друштва со ограниччена одговорност во кои Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) има акции ги злоупотребувале средствата на Фондот, открива направената ревизија на компаниите. Директорот на Фондот за ПИОМ Беким Незири денеска информираше дека неправилности се утврдени во 27 друштва од вкупно 285, а точната висина на штетата допрва ќе се утврдува. Како најголеми неправилности се посочуваат намалувањето на основачкиот капитал без давање на согласност од ФПИОМ, ставањето под хипотека на имотот на Фондот без негова согласност, ненаменското трошење на парите од Фондот и недавањето финансиски извештај согласно законските прописи. Со цел да се решат овие проблеми денеска Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потпиша меморандум за соработка со Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција. „Ниту е наша ингеренција, ниту е наша надлежност да се бориме против оваа појава и затоа се обративме до Управата за јавни приходи и до Финансиската полиција. Затоа денеска го потпишуваме меморандумот за соработка кој треба да ги реши овие проблеми со што индиректно ќе се зачува имотот на државата, имотот на 285.411 пензионери и на имотот на 508.883 осигуреници“, рече Незири. Од финансиската полиција и Управата за јавни приходи најавија дека во најкраток можен рок ќе направат финансиски контроли во работењето на овие друштва и доколку се утврдат сомневањата ќе се документираат случаите и ќе се поднесат соодветни пријави. „Предмет на контрола ќе бидат пред се оние правни лица за кои Фондот за ПИОМ има сомневање за сторени злоупотреби во работењето кои се на штета на Фондот, а со индиректно и на сите сегашни и идни пензионери“, рече Александар Тргачевски. Првите резултати се очекуваат кон крајот на јуни  

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка