29 Март, 2024
0.0230

3.800 долари за вечера кај газдата на Фејсбук, Цукерберг влегува во политиката

Објавено во: Стил 25 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберг влегува во политиката, а идниот месец ќе организира донаторска вечер за Крис Кристи, републиканскиот гувернер на Њу Џерси и потенцијален претседателски кандидат на изборите во 2016 година.

Вечерта ќе биде организирана на 13 февруари во домот на Цукерберг во Калифорнија, а сите што сакаат да присуствуваат ќе треба да платат 3.800 долари.

Сопственикот на Фејсбук досега не даде политичка поддршка ниту за демократите, ниту за републиканците, освен што двапати се сретна со претседателот на САД Барак Обама, додека тој беше во посета на Силиконската долина.

Цукерберг се запознал со гувернерот Кристи пред две години, кога давал донација од 100 милиони долари за едно училиште во Њу Џерси.