29 Март, 2024
0.0278

3 дел: Што прават и колку тежат најбогатите луѓе на светот!

Објавено во: Стил 09 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Чарлс Коч (Charles Koch) и неговиот брат Дејвид Коч (David Koch) се најдоа  во првата 1о-0торка најбогати луѓе на светот. Чарлс е ко-сопственик, претседател и главен извршен директор на Коч индустрии, една од најголемите компании во светот. Дејвид Коч пак е е ко-сопственик и извршен потпретседател. Седиштето на компанијата е во Вичита,Канзас, а работи во различни индустрии како што се рафинирање на нафта, цевководи, трговијата, сточарство и слично. Компанијата има годишна продажба од 110 милијарди долари. И двајцата поседуваат по 42 проценти од компанијата. Кај Лари Елисон најголемиот дел од богатството доаѓа од неговите 23,5 отсто од акциите во „Oracle“, компанијата која располага со најголемата светска база на податоци. Тој, исто така, поседува 49 отсто од акциите во „NetSuite“, а има свој удел и во образовниот софтвер „LeapFrog Enterprise“.  Тој тежи околу $ 4 милијарди долари кеш и голем број други богатства како и недвижен имот. Бернар Арно поголемиот дел од своето богатството го стекнал преку уделот во Кристијан Диор, холдинг компанија „LVMH Moet Hennessy“- Луј Витон, најголемиот производител во светот на луксузни стоки. Тој, исто така, поседува 5,6 отсто директен удел во  LVMH, како и голем број акции на Карфур, најголемиот синџит на маркети во Европа мало. Исто така има скијачко одморалиште во француските Алпи и компанија која работи на рециклирање на хартијата.