29 Март, 2024
0.0245

3 предлог мерки за ред во кредитирањето во Хрватска

Објавено во: Мои пари 09 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Здружението „Франк“ и Министерството за финансии направија исчекор напред по неодамна одржаниот состанок на кој организацијата чекаше речиси девет месеци, се вели во соопштението на ова здружение.  Како што било договорено од  „Франк“,  во писмена форма до Министерството биле доставени предложените мерки со кои тие бараат заштита на корисниците на кредитни услуги. Од здружението побарале итно  воведување законски регулативи и надзор во делот на станбени кредити, како особено ранлива категорија на кредитирање, а со ниту една од предложените мерки не го допреле државниот буџет. Ова се трите предложени мерки со кои треба да се стави ред во кредитирањето во Хрватска. Првата предложена мерка е работена по унгарскиот  модел кој успешно се спроведе во 2011 година, а се однесува на донесување нови законски мерки со кое ќе се овозможи стабилизација на главницата на кредитите во швајцарски франци, според  девизниот курс кој бил на сила на денот на започнување со отплатата на кредитот . Вториот чекор ќе биде конверзија на кредитите од швајцарски франци во евра или во домашната валута (куна).  Оваа мерка  треба го запре финансиското уништување на должниците и понатаможното влегување на банките во лошите кредити , се со  цел да се обезбеди финансиска стабилност на должниците, а притоа да не се доведе во прашање стабилноста на депонентите и да се ослободат дополнителни средства за потрошувачка и полнење на државниот буџет. Ова според „Франк“ ќе доведе до пад на вкупниот номинален долг на граѓаните, што ќе се одрази на вкупниот износ на долгот на Хрватска. Друга клучна мерка е воведувањето на транспарентни променливи каматни стапки кои ќе се состојат од фиксен и од варијабилен дел. На варијабилниот дел надзор ќе врши регулаторно тело,  додека за фиксниот дел е однапред дефиниран износот кој во текот на отплатување на кредитот нема да смее да се менува.  Оваа мерка треба да го регулира самоволието на банките во делот на каматата, ќе ја поврати вербата во финансиските институции и ќе им овозможи на должниците да го планираат износот на своето задолжување со што ќе се ублажат каматните шокови. Третата мерка е донесување „Закон за личен  стечај“ по забрзана постапка.  Фер моделот би подразбирал губење на имотот на должникот, со што ќе се задоволат голем дел од побарувањата, но и отпис на преостанатите долгови за должникот да добие можност за нов почеток по 2-5 години управување на приходите од страна на стечаен управник. Мерката ќе им помогне на најзагрозените луѓе да го најдат својот излез од ситуацијата, но исто така, треба да ги принуди банките да водат повеќе сметка за соработка и партнерство со клиентот.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија