19 Април, 2024
0.0254

3 работи кои секој лидер може да ги научи од грешките на Џон Сноу

Објавено во: Стил 21 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Пред неколку дена започна седмaта сезона на најпопуларната серија во светот - „Игра на престоли“. 

Џон Сноу е пример за лик од кој може да научиме многу. Тој постепено се издигна до „Кралот на Северот“ благодарение на своите квалитети. И сега му се наметнува да донесува важни одлуки. Тој, сепак, направи некои грешки како лидер.

А кои се тие и зошто не треба да си ги дозволуваат сите лидери?

1. Не им се доверувајте на луѓе само поради високите позиции

Во една епизода Џон не ја послушал сестра си и му го простил предавството на Карстарк кој се борел на страна на неговите противници. Поради старата дружба тој повторно одлучил да ги прифати наследниците. Лекција: Многу лидери слушаат совети само затоа доаѓаат од луѓе на одредени позиции. Често сепак личности надвор од сферата или такви со пониски позиции можат да дадат пообјективно мислење. Стремете се секогаш да ислушате различни перспективи.

2. Бидете трпеливи и фокусирајте се на крајната цел

Џон Сноу речиси загуби важна битка, бидејќи не успеа да биде мирен, кога беше провоциран. Лекција: Лидерите треба да се трпеливи. Дури и да не им се заканува инвазија, тие секогаш треба да ја гледаат големата слика и да вложуваат макотрпно во секој чекор од патот.

3. Скромност не значи дека не можете да го промените светот

Во многу случаи, Џон Сноу небаре не го сфаќа целокупниот ефект кој неговото управување го има врз многу други луѓе. 

Лекција: Иако не управуваат со големи армии, лидерите се пример за десетици вработени. Тие треба да ја ценат работата што потчинетите им ја прават, да покажуваат дека ги гледаат нивните напори и да им се заблагодарат за нив. Токму на овој начин се гради лојален, мотивиран и продуктивен тим.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре