25 Април, 2024
0.0348

300 денари годишно за чување нива, падарската служба го објави ценовникот

Објавено во: Агробизнис 27 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Чување на нивите од пет декари годишно ќе чини 300 денари, објавија денеска од падарската служба во Кавадарци, од кадешто додаваат дека цената на услугата расте со зголемување на површината.

„За чување земјоделски површини од 40 декари ќе се наплаќаат 2.400 денари годишно, а за површини поголеми од 40 декари падарината дополнително ќе се договара“, изјави раководителот на службата Трајко Тасев.

Тој смета дека овие цени, кои Падарската служба веќе ги објави, се симболични и земјоделците ќе може да платат. „Се надеваме дека следната година падарите ќе добијат статус на полска полиција. Проектот се покажа како добар и веројатно ќе се преслика во другите општини“, истакна Тасев.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади