29 Март, 2024
0.0268

„Пивтијада 2013“: 350 чинии пивтија изедени во Куманово

Објавено во: Стил 19 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

350 чинии пивтија денеска беа изедени на традиционалната 11-та по ред  „Пивтијада“ која денеска се одржуваше во Куманово. Пивтиите кои вчера се правеа во кумановската населбата  „Карпош“, денеска беа презентирани пред посетителите на манифестацијата. Организаторите  на манифестацијата ,  Мултимедијалниот центар „Карпино“ задоволни од посетеноста.

„Манифестацијата ја организираме за да ја зачуваме традицијата, за да не се заборават обичаите поврзани со Водици. Годинава за подготовка на пивтиите е употребено околу 70 килограми месо“, изјави претседателот на центарот Зоран Павловски.

На манифестацијата беше избрана и најдобрата пивтија, каде во конкуренција на десетина натпреварувачи за најдобра беше прогласена пивтијата „Манастир Карпино“ на Лила Божиновска, а дел од пивтиите „Карпино“ ќе ги подели на граѓански здруженија и на АРМ, најави организаторот.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи