Добивај вести на Viber
Просечната нето плата во Србија за месец октомври изнесувала 41.558 динари ( 370 евра), што е за 3,2% повеќе во однос на септември, додека ако во предвид се земат поскапувањата, реално платата била зголемена за 0,4 %.
Во однос на истиот месец минатата година , просечната нето плата се зголемила за 8,9%, но реално таа е помала за 3,5 %.
Просечната бруто плата за месец октомври кај нашиот северен сосед изнесувала 57.733 динари (515 евра).