29 Март, 2024
0.0253

4 типа на луѓе кои никогаш не стануваат добри лидери

Објавено во: Стил 24 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

„Не помина многу време откако дознав дека не сакам да го следам овој човек. Тој беше облечен соодветно, имаше големо семејство, имаше изградено солиден бизнис, но откако имав можност да видам како комуницира со блиските и како се однесува со своите вработени, сфатив дека тој не е вистински лидер. Ова го пишува во својот напис објавен во LinkedIn, Џон Јидс.

Дефиницијата на Питер Браунинг за лидерство гласи: „Способноста да ја предизвикаш желбата на другите за соработка за одржлив временски период“. Кои точно се луѓето кои би одговориле на оваа дефиниција, не знаеме со сигурност, но Јидс посочува 4 типа мажи кои никогаш нема да бидат вистински лидери. 

Еве кои се тие.

1. Професионалец, на кого му недостасува страст. Тој ниту ја сака, ниту ја мрази својата работа. За него тоа е само работа, која ги плаќа сметките. Во повеќето случаи, овие луѓе имаат тенденција да бидат водени од концептот за половина празна чаша и да се гледаат како жртви. Ретко, ако воопшто одлучат да му помогнат на некого, тоа секогаш е поврзано со некаква лична корист што можат да ја добијат од ситуацијата. Додека големите лидери се поврзани со нешто поголемо од себе, тие секогаш го прават она што треба да се направи, бидејќи нивната внатрешна страст и мотивација им го диктира тоа. Тоа е она што некои менаџери никогаш нема да ги разберат и што ќе ги спречи да вовлечат и други луѓе во своите активности.

2. Типот "Сакам веднаш". Живееме во свет кој нè упатува да бараме веднаш задоволство. Но луѓето кои подлегнуваат на тоа искушение, конечно остануваат вечно незадоволни. Тие сакаат се веднаш - пример почнуваат диета и бараат резултати од третиот ден, а кога немаат саканите резултати, тоа доведува до силна фрустрација. Бројни истражувања покажуваат дека повеќе трпеливи луѓе кои успеваат да го одложат моментот на задоволство, добиваат многу подобри резултати на долг рок. Обично тие се оние кои си стојат тивко во аголот на канцеларијата, но знаат дека најголемиот успех бара жртви.

3. Вљубеник во парите. За него нема ништо посвето на овој свет од парите. Таквите луѓе нема како да станат добри лидери, бидејќи нивната единствена комуникација е само и единствено со финансии. Тие постојано ја пресметуваат сопствената нето вредност, мислат за блиските како за извор на профит, ги сметаат приходите и слично, бидејќи за нив потребната никогаш не е доволна. Тие се опседнати од помислата дека некој некаде заработува повеќе пари од нив. Проблемот е дека таквиот тип на луѓе секогаш се фокусираат на краткорочни цели, што доведува до еден циклус од континуирани подеми и падови.

4. Самобендисани. Сите познаваме барем еден таков човек, кој смета дека нема потреба од ничија помош и само тој знае кој е вистинскиот начин да се направат нештата. Неговото мото е "Ако сакаш нешто да биде направено како што треба, направи го тоа сам". За жал, тоа е спротивно на дефиницијата за лидерство. Од сите типови, несоодветни за лидери, овој е најтешкиот случај, бидејќи слична природа не се менува".