40 насто од вработените примаат плата од 12 до 15 илјади денари
Објавено во: Економија 28 Март, 2017
Последните оценки на Сојузот на синдикатите е дека има простор за зголемување на минималните плати.
Од нивните анализи се заклучува дека речиси 60 насто од вработените месечно заработуваат до 20 илјади денари, само 3,2 проценти над 30 илјади, а 40 насто примаат плати од 12 до 15 илјади денари.
Синдикатот го отворил процесот за зголемување на минималецот а за процентот се преговара со работодавачите и власта.
Живко Митревски од ССМ рекол дека очекуваат до 20 проценти да биде зголемена минималната плата за да дојде и до зголемување на другите плати.
„Оние кои работат на определно време добиваат за околу 30 проценти помала плата од оние кои се вработени на неопределено време, а да не зборувам за оние кои имаат приправнички стаж чии плати се и 50 проценти пониски од оние кои имаат редовен работен однос. Тоа доволно говори дека сигурноста на работните места мора да ја зајакнеме“, вели тој.
Во рамки на трипартитивниот дијалог минатата недела предлогот доби поддршка од социјалните партнери. Владата со став, процентуалното зголемување мора да биде дефинирано со консензус, работодавачите бараат дијалог и почитување на меѓународната конвеција за минимална плата.