19 Април, 2024
0.1083

5 куќи изградени среде морето

Објавено во: Стил 09 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Иако летото заврши, а за многумина останаа спомените и носталгијата кон плажите и водата, неколкумина среќници постојано уживаат во бесценетиот поглед од своите прозорци. Овие 5 домови, не се куќи изградени на некоја плажа, туку се наоѓаат среде морето! Куќа над водата. Концептот на дом над самиот океан е претворен во реалност со оваа куќа. Нејзиниот архитект ја предвидел како место за одмор, а неговата цел била да им овозможи на луѓето да откријат како е да се живее над вода, без да треба да патуваат за ваквото доживување. Куќата располага со соларни панели за електрична енергија и за прочистување на солта од водата, што значи дека овој дом енергетски е сосема независен. Цитадела. Овој комплекс од апартмани плови во водите на Холандија и се спушта или крева со зголемување на нивото на морето. Холандија е пионер во технологијата за адаптација на куќите на вода. Покрај познатите традиционални насипи, архитектите одат чекор напред проектирајќи ја  иднината на човекот во еден воден свет.  Фиориела. Концепт инспириран од се што може да се најде во природата. За едни тој личи на јајце, на други на отворен цвет. Комплексот нуди панорамски поглед над и под водите на океанот, а за да не се ниша од брановите, овој остров има неколку мотори со кои ја одржува стабилноста. Бисер. Идејата е ваквиот дом се создаде еколошки дом инспириран од бродовите. Куќата  располага со одлична стабилност над водата и доволно простор за живот.WHY Куќата наречена „WHY“ претставува пловечки дом, а инспирацијата за нејзиното создавање била пресликана од луксузните јахти. Таа располага со значително повеќе простор за живот и дава вистинско доживување на водениот свет наоколу.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган