28 Март, 2024
0.0266

5 начини како да го направите вашиот живот полесен

Објавено во: Стил 15 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

„Едноставноста е највисоката форма на софистицираност“ - Леонардо да Винчи

Животот не e сложен - ние сакаме да го правиме таков, пишуваат блогерите Марк и Ангел Черноф и нудат неколку начини да почнеме да живееме едноставно.

1. Научете ги лекциите од минатото и бегајте од таму

Грешките од минатото можат да ве научат да создадете голема иднина, не да ве натера да се плашите од неа. Не ги носете со себе. Наместо тоа, користете ги како камења, по кои ќе чекорите. Не жалете за ништо. Ако нешто е добро, прекрасно. Ако е лошо, тоа е искуство. Успехот не се мери по тоа каде сте во даден момент, туку колку сте научиле и колку пат сте изминале, за да стигнете дотаму.

2. Стремете се да бидете продуктивни, а не зафатени

Немојте само да вршите работа - правете ги вистинските нешта. Резултатите секогаш се поважни од времето што ви е потребно да ги постигнете. Застанете и запрашајте се дали она што го работите, вреди напорот. Води ли ви во насоката кон која се стремат вашите цели? Не се обврзувајте со странични работи, дури и да изгледаат итни, освен ако не се важни за вас.

3. Оставете ги работите да бидат несовршени

Насмевнувајте се секогаш кога можете. Не затоа што животот е лесен, идеален, или токму таков каков што сте очекувале, туку затоа што сте одбрале да бидете среќни и благодарни за сите добри работи што ги имате, и за сите проблеми кои ги немате. Треба да го прифатите фактот дека животот не е совршен, дека луѓето не се совршени, и дека вие не сте совршени. И тоа не е проблем, бидејќи вистинскиот живот не го наградува совршенството. Тој ги наградува луѓето кои прават добри нешта. И единствениот начин да правите добри работи е да бидете несовршени во 99% од времето.

4. Дистанцирајте се од непотребните драми и луѓето кои ги создаваат

Никогаш не креирајте непотребен драматизам и не се опколувајте со луѓе кои го прават тоа. Избирајте пријатели кои се гордеете да ги познавате, луѓе, на кои им се восхитувате, луѓе кои ве сакаат и почитуваат - луѓе кои го прават вашиот ден малку полесен само со тоа што се во него. Не напуштајте ги негативните луѓе, бегајте од нив! Животот е премногу краток за да го поминувате со луѓе кои ја црпат вашата енергија и среќа.

5. Заборавете што мислат другите, и што сакаат да бидете

Една од најголемите слободи е едноставно да не ви е гајле што мислат сите други за вас. Понекогаш едноставно мора да излезете надвор, да си земете малку воздух и да се потсетите кој сте и што сакате да бидете. Најдоброто што можете да направите е да го следите своето срце. Ризикувајте. Не ги земајте најсигурните и најлесни избори, бидејќи ви е страв од тоа што ќе помислат другите или што може да се случи. Ако го правите тоа, ништо нема да се случи. Не оставајте малите умови да ве убедат дека соништата ви се премногу големи. Не се.


Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи