25 Април, 2024
0.0297

5 причини зошто јогуртот е идеално летно друштво

Објавено во: Мои пари 07 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Млечните производи, а особено јогуртот, се незаменливо друштво во топлите летни денови. Тој не само што вистински нè освежува, туку ни ја дава и потребната енергија да функционираме и да се чувствуваме пријатно за време на високите летни температури.

Но, сте се запрашале ли зошто е тоа така? Ви ги издвојуваме најважните 5 причини зошто јогуртот е најдобро друштво токму во летниот период:

1.  Освежува –Првенствено, се разбира дека најважната и основна причина е токму тоа што јогуртот нè освежува. Послужен на вистинската, идеална температура, тој го разладува целиот организам, исто како и овошјето. Но, истовремено, кога силното сонце нè прави да се чувствуваме омалаксано и уморно, јогуртот инстантно ќе ни ја даде потребната енергија и може да претставува одлична замена за лесен оброк.

2.  Помага во борбата со вишокот килограми –Не е тајна дека во летната сезона особено внимаваме на исхраната. Присуството на калциум во јогуртот го спречува создавањето кортизол во организмот, а овој хормон, исто наречен и „хормон на стресот“, влијае врз зголемувањето на крвниот притисок и на шеќерот во крвта. Неизбалансирана количина кортизол доведува до покачување на тежината и зголемена анксиозност, па дневен внес од половина литар Битолски јогурт е доволно за да се му се спротивставиме на проблемот. Тој особено помага во согорувањето на масните наслаги и во исфрлањето на вишокот сол од организмот, а со своите карактеристики позитивно влијае врз линијата и врз крвниот притисок.

3.  Здравствени бенефити –Зошто е важно да сме здрави токму во лето? Одговорот е едноставен: подобар имун систем ни помага полесно да ги издржиме високите летни температури што знаат да достигнат и до 40 степени. Битолскиот јогурт помага при варењето на храната, исто така за полесна апсорпција на нутритивните вредности од другата храна што ја внесуваме, понатаму во лекување на стомачните инфекции и, секако – за подобрување на имунитетот.

4.  Одлична комбинација со секаков вид храна –Со овошје или салати, или, пак, како додаток на некое јадење – јогуртот претставува идеално решение за разладување и за освежување во топлите летни денови. Тој лесно се комбинира со секаква храна, а она што е особено важно е дека како лесна, летна и свежа комбинација, тој ќе ви биде незаменливо друштво на високите температури. Дополнително, како природен извор на калциум, минерали и витамини, Битолскиот јогурт се препорачува во секојдневната исхрана кај сите возрасти, во секое време и со секоја храна.

5.  Секогаш во кругот на семејството –Во летниот период, особено за време на одморите, сакаме да бидеме во кругот на најблиските. Веќе е добро познато дека токму Битолскиот јогурт е секогаш во кругот на семејството. Тој ги негува семејните вредности, традицијата на семејната трпеза и нè обединува за време на оброците. А кога е тоа најважно ако не за време на летото? Затоа, соберете го вашето семејство и вашите блиски на следниот летен семеен ручек, и заедно уживајте во заедничките моменти и во богатата трпеза на која задолжително друштво ви прави незаменливиот Битолски јогурт.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка