50 илјади пензионери „фантоми“под истрага во Грција
Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2013
Околу педесет илјади пензионери „фантоми“ има во Грција, а според министерот за труд и социјала сите тие примале пари од владата минатата година, јави ДПА.
Се верува дека зад измамата со бенефициите стојат роднини на починати пензионери.
- Министерството ќе побара парите да бидат вратени, изјави Вруцис пред Парламентот. Тој посочи дека неговиот кабинет започнал истрага и од 1 јануари се запрени исплатите кон починатите лица.
Грција ќе активира нов електронски мониторинг систем во март, со цел да се справи со измамите. Таа ќе ги поврзува пензиските фондови со службата за регистрирање, исплатите ќе бидат автоматски запрени при смрт на примателите.
Додека невработеноста на земјата се влошува процентот на невработеноста се зголемува. Околу 26,8 проценти од населението во земјата се без работа, со што Грција има најголема стапка на невработеност во Европската унија.