24 Април, 2024
0.0701

500 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД ЕБОР – Техничка соработка помеѓу Владата И ЕБОР за развој на обновливи извори на енергија

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев и директорката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), за Централна и Источна Европа, г-ѓа Шарлот Руе, одржаа конференција за медиумите, на која беа презентирани аспектите за меѓусебната соработка за техничка поддршка за реализација на програмата за изградба на електрани од сончева и ветерна енергија.

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека со новиот Закон за енергетика се овозможува зголемено учество на енергијата од обновливи извори во целокупното производство на електрична енергија, а со техничката поддршка од ЕБОР ќе се овозможи практична имплементација на одредбите од Законот.

„За жал, во моментот имаме инсталирана моќност од само 16,8 мегавати во фотовонапонски централи и 36,8 мегавати во ветерни централи. Техничката поддршка од ЕБОР ќе помогне во подготовката на тендерската документација за изградба на нови електрани од обновливи извори на енергија согласно новиот Закон за енергетика. Со ова ќе се допринесе за реализацијата на плановите на Владата енергијата од сонце да се искачи до 200 мегавати, а од ветер до 150 мегавати, што ќе биде значително зголемување. Само во наредните 2 години планираме да изградиме нови околу 40 мегавати инсталирана моќност, 10 во фотонапонска централа која би се изградила над затворениот рудник Осломеј, како и дополнителни до 30 мегавати во ветерниот парк Богданци, што ќе овозможи енергија колку што во моментов произведува хидро централата Света Петка, која да потсетам, беше градена околу 10 години “, изјави вицепремиерот Анѓушев.

Директорката на ЕБОР за Централна и Источна Европа, г-ѓа Шарлот Руе, потенцираше дека банката дава поддршка на Република Македонија, за намалување на зависноста од увоз на електрична енергија, намалување на производството на енергија од јаглен, како и зголемување на обновливи извори на енергија, особено од сонце и ветер.


„ЕБОР ќе обезбеди финансиска поддршка во висина од 500 илјади евра, обезбедени од специјалниот фонд на акционерите на банката, за техничка помош за обновливи извори на енергија во земјата, што ќе и  помогне на Владата за воведување на аукциски систем, како и за подготовка на конкурентна тендерска документација за изградба на нови фотонапонски и ветерни електрични централи “, истакна директорката Руе.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?