500 полицајци синоќа упаднале во Дојче банк, се затајувал данок и переле пари
Објавено во: Свет 13 Декември, 2012
Околу 500 полицајци синоќа вршеле претрес на простории на Дојче банк во неколку германски градови поради сомневање за затајување данок, перење пари и обиди за попречување на истрага, а против пет соработници на банката е издаде налог за апсење.
Ккао што соопштуваат од полицијата по налог на државното обвинителство во Франкфурт, извршен е претрес на простории на Дојче банк и станови во Франкфурт, Берлин и Дизелдорф, додека уште 25 соработници на банката се сомничат за повеќе финансиски прекршоци. За петмина соработници на банката издаден е налог за апсење поради сомневање за попречување на истрагата, а банката порача дека ќе соработува со истрагата, објавија германските медиуми.
Од пред некое време државното обвинителство води истрага против седум банки и тоа само заради помош во затајување данок во случаи на тргување со емисии на штетни гасови. Истрага од крајот на април 2010 година покажала нови сомневањ и била извршена во 230 објекти во повеќе европски држави вклучувајќи и централа на Дојче банк во Франкфурт. 6 инвестициски банкари осудени беа во декември 2011 година во Франкфурт заради милионско затајување данок и добија затворски казни меѓу три и седум години.