50.000 евра за фестивал на албанска песна, трипати помалку пари за „Макфест“
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2018
За штипскиот фестивал кој се одржува повеќе од три децении Министерството за култура одобри 1 милион денари. Идентична сума одвои и за Фестивал на песни и ора во организација на Здружението „Кенго Јехо“ од Струга
Министерството за култура одвои скоро 50.000 евра (3 милиони денари) за фестивалот на албанска песна „Евент“ што го организира Културно уметничкото здружение „Евент 2012“ од Тетово. Според одобрената сума, овој проект за актуелната власт е од поголем национален интерес во културата за 2018 година од „Макфест“, „Фолк фест Валандово“ и „Охрид фест-Охридски трубадури“ кои имаат на располагање многу поскромни буџети за реализирање на програмата. Вкупно за сите три фестивали Министерството за култура одобри речиси идентична сум со онаа што ќе ја има на располагање тетовскиот фестивал.
Целиот текст прочитајте го на Женски магазин, овде.