Добивај вести на Viber
Од почетокот на глобалната економска криза во 2008 година, во земјите на ЕУ, изгубени се 6 милиони работни места, соопшти денес Меѓународната организација на трудот.
Во извештајот, кој се занимава со состојбата на европскиот пазар на труд, МОТ вели дека стапката на вработување во 27-члената ЕУ минатата година изнесувала 57,6 проценти, што е за 1,6 процентни поени помалку од 2008 година, пренесува Франс Прес.
-Тоа значи дека сеуште е присутен недостатокот од 5,9 милиони работни места, за да се оствари повраток на стапката на вработување на нивото кое беше забележано пред избивањето на кризата“, се вели во извештајот на МОТ, истакнувајки дека само во изминатите шест месеци изгубени се околу милион работни места.